Астрономија - категорија

замрачување повеќе

(едн.) замрачувањето
Вид збор: Именка, среден род
Потполно или делумно исчезнување на светлината, затемнување на некое небесно тело што настанува кога едно небесно тело ќе покрие друго или кога ќе падне во сенка на друго небесно тело.
Англиски: eclipse
Примери:
Замрачување на сонцето.

затемнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Полно или делумно засенување на светлината на небесно тело.
Англиски: eclipse Албански: errësim, eklips
Примери:
Затемнувањето на сонцето не треба да се гледа со голо око.

земја повеќе

мн. земји
Вид збор: Именка, женски род
(едн. Земја) Една од планетите во Сончевиот Систем, планетата на која живееме.
Англиски: Earth Албански: tokë
Примери:
Да не ја загадуваме Земјата.

Земјин повеќе

Земјиниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на планетата Земја.
Англиски: Earth
Примери:
Земјината орбита

зенит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Највисока точка на небесниот свод.
Англиски: zenith Албански: zenit, kulminacion
Примери:
Сонцето се искачи кон зенитот.

Зодијак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Небесен појас што опфаќа дванаесет соѕвездија низ кои минува Сонцето на својот привиден пат во период од една година.
Англиски: zodiac
Примери:
Знаци на Зодијакот.

Зорница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Утринска ѕвезда; народно име за планетата Венера.
Англиски: morning star
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х