Биологија - категорија

габичка повеќе

Види и: габа (ж.)
мн. габички
Вид збор: Именка, женски род
Општ назив за разни видови микроби што предизвикуваат распаѓање на некои органски материи.
Англиски: fungus Албански: këpurdhë
Примери:
Откриено е дека одредени габички предизвикуваат болест кај свилените буби.

газела повеќе

мн. газели
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропски копитар, сличен на срна, со стројно тело, долги нозе и со рогови.
Латински: Gazella dorcas Англиски: gazelle

ген повеќе

мн. гени
Вид збор: Именка, машки род
Наследна единица којашто ги определува карактеристиките на потомците.
Англиски: gene
Примери:
Музиката им беше во гените.

генеративен повеќе

генеративниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на раѓање или создавање.

генетика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за развитокот на организмите, наследувањето на определени особини и нивната променливост.
Англиски: genetics
Примери:
Хумана генетика

геном повеќе

Види и: ген (м.)
мн. геноми
Вид збор: Именка, машки род
Носител на сите генетички информации потребни за создавање на една ќелија.
Англиски: genome

гликоза повеќе

(едн.) гликозата
Вид збор: Именка, женски род
Материја што служи за добивање енергија кај живите организми, шеќер; гроздов шеќер.
Латински: C6H12O6 Англиски: glucose
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш