Дипломатија - категорија

агреман повеќе

мн. агремани
Вид збор: Именка, машки род
Одобрение, согласност од една држава за прифаќање на дипломатски претставник од друга држава.
Англиски: agreement Албански: agreman
Примери:
Претседателот даде агреман за новиот амбасадор.

акредитив повеќе

мн. акредитиви
Вид збор: Именка, машки род
Писмено овластување на дипломатски претставник кај влада на друга земја.
Англиски: credential Албански: akreditiv, kredencial
Примери:
Амбасадорот му ги предаде акредитивите на претседателот веднаш по пристигнувањето во земјата.

акредитира повеќе

акредитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Назначи, назначува некого за дипломатски претставник во туѓа земја.
Англиски: accredit Албански: akreditoj

алијанса повеќе

мн. алијанси
Вид збор: Именка, женски род
Сојуз, лига, коалиција меѓу држави.
Англиски: alliance Албански: aleancë
Примери:
Алијанса на народите.

амбасада повеќе

мн. амбасади
Вид збор: Именка, женски род
Дипломатско претставништво од прв степен.
Англиски: embassy Албански: ambasadë
Примери:
Песните во оригинал на шпански ги читаше претставник на чилеанската амбасада.

амбасадор повеќе

мн. амбасадори
Вид збор: Именка, машки род
Дипломатски претставник од прв степен.
Англиски: ambassador Албански: ambasador
Примери:
Слушам јас за дипломатијата, само не знам за која земја го токмите амбасадор.

амбасадорка повеќе

Види и: амбасадор (м.)
мн. амбасадорки
Вид збор: Именка, женски род
жена амбасадор
Англиски: ambassador Албански: ambasadore
сопруга на амбасадорот
Англиски: ambassador Албански: bashkëshortja e ambasadorit

анексија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Едностран, насилствен акт на присоединување туѓа територија кон некоја држава.
Англиски: annexation
Примери:
Анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија.

анектира повеќе

анектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши анексија.
Англиски: annex

арбитража повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Процес кој се извршува за да се дојде до мирно решение на спор меѓу држави.
Англиски: arbitration Албански: abritazhi
Примери:
Неправедните граници им гарантираа на големите сили трајна арбитража на Балканот.

аташе повеќе

мн. аташеи
Вид збор: Именка, машки род
Дипломатски службеник што врши функција на советник за одредена област (за култура, за печат, за воени прашања).
Англиски: attaché Албански: atashe

аудиенција повеќе

мн. аудиенции
Вид збор: Именка, женски род
Официјален прием кај лице на висока општествена положба.
Англиски: audience
Примери:
Претставниците на политичките партии беа примени во аудиенција кај претседателот.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х