мн. лагери
Вид збор: Именка, машки род
општественополитичко групирање
Англиски:
camp
Албански:
kamp, kampus
Примери:
лагер на мирот
(едн.) лаицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политички правец што е против влијанието на религијата во општествено-политичкиот и културниот живот на една заедница.
лаицистичкиот
Вид збор: Придавка
Световен, што е одделен од религијата.
Англиски:
secular
Германски:
laizistisch
Примери:
Тоа е цврста секуларна определба за строго лаицистичка држава каде што световното е световно, а духовното - духовно.
леви
Вид збор: Придавка
Што е политички либерален, левичарски.
мн. левици
Вид збор: Именка, женски род
Политичка страна на парламент што е полиберална, порадикална од другите, што се залага за општествени промени во полза на пошироките слоеви од народот.
Англиски:
left
Албански:
e Majta
Примери:
револуционерна левица
мн. левичари
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на левицата
Примери:
Тој целиот живот го мина како левичар.
левичарскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врско со левичар.
Примери:
левичарски партии
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Движење на левичарски ориентираните политички партии или поединци.
мн. ленинисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеници на ленинистичката теорија со која се коригираат прогнозите на марксизмот.
Примери:
марксисти и ленинисти
либерални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на либерал.
Примери:
либерален човек
Што ги застапува идеите на либерализмот.
Примери:
либерален принцип
(едн.) либерализмот
Вид збор: Именка, машки род
Движење и доктрина што како оcновни вредности на општествено-политичкото и економското уредување ги истакнува идеите за граѓанско општество на верска толеранција, индивидуална слобода на мислење и јавно искажување, право на сопственост и слободен натпревар во економските активности, самостојност на законодавната и судската власт во однос на извршната.
мн. лидери
Вид збор: Именка, машки род
Водач, предводник на политичка партија, организација, група и слично.
Англиски:
leader
Албански:
udhëheqës
Примери:
партиски лидер
мн. лидерства
Вид збор: Именка, среден род
Положба на тој што е лидер.
Англиски:
leadership
Албански:
lidership, udhëheqje
Дејност на тој што е лидер.
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Опортунистичко настојување на припадник на одредена струја во политичко движење да доведе до ликвидација, до укинување на тоа движење.
мн. лобија
Вид збор: Именка, среден род
Влијателна група луѓе или заедница кај членовите на парламентот или на некое гласачко тело.
Англиски:
lobby
Албански:
lobi
мн. лобисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице, политичар што учествува во лоби, што лобира за некоја политичка или за определена програма.
мн. лојалисти
Вид збор: Именка, машки род
Оној кој е верен на моменталниот владетел, власт или систем, особено во време на бунт.
Примери:
После американсата револуција, околу 15% од лојалистите заминаа во други делови на британската империја.
(едн.) локализмот
Вид збор: Именка, машки род
Залагање за тесно сфатени интереси врзани за определено место или крај, што е во спротивност со интересите на пошироката заедница.
Примери:
прифаќање на локализмот, заедницата и семејните врски
локалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на локализам.
Примери:
локалистичка свест
мн. локалпатриоти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пројавува локалпатриотизам.
Примери:
Тој е голем локалпатриот.
(едн.) локалпатриотизмот
Вид збор: Именка, машки род
Претерана љубов и приврзаност кон родниот крај и кон сѐ што произлегува од него; пристрасност кон своето место.
Примери:
Гласачкиот чин имаше нагласен локалпатриотизам.