Туризам - категорија

марина повеќе

мн. марини
Вид збор: Именка, женски род
Пристаниште што служи за закотвување јахти, глисери, чамци, едрилици, обично во туристички места.
Англиски: marina Албански: liman i vogël

менувачница повеќе

мн. менувачници
Вид збор: Именка, женски род
Место (објект, просторија, шалтер) каде што се разменуваат пари од разни валути.
Англиски: exchange office Албански: këmbimore

мотел повеќе

мн. мотели
Вид збор: Именка, машки род
Хотел покрај автопат со паркинг, наменет за прифаќање на тие што патуваат со моторни возила.
Англиски: motel
Примери:
Преноќивме во мотел.

музеј повеќе

мн. музеи
Вид збор: Именка, машки род
Установа во која се чуваат и се изложуваат предмети од научна и уметничка вредност.
Англиски: museum Албански: muze
Примери:
Музејот на град Скопје.

музејски повеќе

музејскиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на музеј.
Примери:
Музејски експонат.
а - б - в - г - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - ш