Филозофија - категорија

агностик повеќе

мн. агностици
Вид збор: Именка, машки род
Претставник на учењето дека вистнската суштина на постоењето, на Бога и на натприродното не може да се спознае.
Англиски: agnostic

агностика повеќе

(едн.) агностиката
Вид збор: Именка, машки род
Учење дека вистнската суштина на постоењето, на Бога и на натприродното не може да се спознае.
Англиски: agnosticism

агностицизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
„Невозможно сознание“ особено на метафизичките вистини и опстојностите на натсетилната стварност.
Англиски: agnosticism
Примери:
Агностицизмот е повеќе „откажување од“ одошто негација на можноста за сознавање, како кај скептицизмот.

аксиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Теорија, учење за вредностите.
Англиски: axiology
Примери:
Аксиологијата, според Мартине, ги проучува вредностите што секоја монема ги остварува во контекстите во кои се среќава.

аксиом повеќе

мн. аксиоми
Вид збор: Именка, машки род
Основна вистина, појдовно начело.
Англиски: axiom
Примери:
Тоа е во геометријата прифатено како аксиом.

аналитика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Начин на истражување со кој се оди од последицата кон причината, од општото кон поединечното.
Англиски: analytics Албански: analitikë

аналогизам повеќе

мн. аналогизми
Вид збор: Именка, машки род
Заклучок или доказ врз основа на сличност.

антимарксистички повеќе

антимарксистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е против марксизмот.
Примери:
антимарксистички став

антиномија повеќе

мн. антиномии
Вид збор: Именка, женски род
Противречност, спротивност, меѓусебно исклучување на два закона или на два суда (теза и антитеза).
Англиски: antinomy
Примери:
Во неговото творештво се препознаваше антиномијата реализам - модернизам.

антитеза повеќе

мн. антитези
Вид збор: Именка, женски род
Спротивно тврдење, негација на некое тврдење (теза).
Англиски: antithesis Албански: antitezë
Примери:
Генетичката лингвистика доаѓа, всушност, како антитеза на антиисториската лингвистика од претходниот период.

антиципира повеќе

антиципираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава предвремено мислење за нешто што ќе се потврди подоцна.
Англиски: anticipate Албански: jap mendim
Примери:
Тој текст на своевиден начин ги антиципира утрешните тематски и естетски движења во литературата.

антропоморфизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Припишување човечки особини на сè што е околу човекот.
Англиски: anthropomorphism

апстрактност повеќе

(едн.) апстрактноста
Вид збор: Именка, женски род
Воопштување на конкретни поими.
Англиски: abstraction
Примери:
Апстрактноста на неговото излагање доведе до недоразбирања.

аскеза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Строг, повлечен, доблестен и едноставен живот.
Англиски: asceticism
Примери:
Живее во аскеза.

аскет повеќе

мн. аскети
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се откажува од сетилните задоволства и се стреми кон морална и духовна чистота.
Англиски: ascetic

аскетизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Религиозно учење што проповеда самоодрекување.
Англиски: asceticism

асоцијација повеќе

мн. асоцијации
Вид збор: Именка, женски род
Поврзување во свеста на едни поими и претстави со други,
Англиски: association Албански: asociacion, shoqatë
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш