бев (гл.) - изрече (гл.)

Мислата што ја бев изрекол ме повлече кон случаот со ќерката на мојот пријател Милошевски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до мене, јас го имав оправдувањето што веќе го бев изрекол: дека станува збор за привремено зајмување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност слушав размислувања што веќе беа изречени, но притоа, имав впечаток дека Стариот писател се обидува да ја искористи само идејата за борба против злото што беше истакната како појдовна точка во дискусиите во врска со ова интервју.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На крајот ни беше изречена чудната казна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѝ зборуваше за некоја имагинарна личност, лудо вљубена во некоја девојка, притоа ги набројуваше доживувањата на тој несфатен несреќник; отворено ја страдаше својата болка а заклучокот што го беше изрекол се чинеше фасцинантен: Требало секогаш да сочувствуваме со лудо вљубените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во процесот пред Основниот суд Скопје I, како надлежен првостепен парничен суд, Ристески беше застапуван од полномошник - адвокат (С.Марков).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена „времена мерка“, иако тоа беше побарано од страна на Ристески и неговиот адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 За времетраењето на спорот не беше изречена никаква „времена мерка“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во образложението на својата одлука, овој суд најде дека раководството на тужената установа не го имал предвид фактот дека институтот „распоредување на работник“ не е предвиден во ЗРО и дека морал да постапи согласно постапката која во вакви ситуации предвидува понуда на нов променет договор пред отказ. 9
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судечкиот судија (Х. Илјази) прво донесе решение со кое овој предмет на четворицата активно легитимирани сопарничари од Скопје, меѓу кои беше и Р.М. – заведен под П.бр.574/96, го спои со предметот П.бр.139/96 на уште шестмина скопјани, кои уште од порано тужеа за истата правна работа
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)