Тој што ни, Вело, однесе сичко — тој ни остави од темно темен веков за мака - но и за борба.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
- Захарјади ли? Се разбира дека тој ни е учител, ама и водач и ... кога ќе се обединат сите пролетери, тогаш ќе нема народи, ќе нема држави и граници.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Благодарение на тоа што тој ни кажа каде да го најдеме песокот бргу свршивме работа и се вративме со него ненакиснати.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Еве, нашиов водоносец: ние сите се трудиме, а тој ни се качи на глава со своите ѓаволии.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Утрото сретнавме еден овчар и тој ни кажа дека војниците си заминале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ѓеро му вели: „Бива, ќе дадеме...“ „Што правиш, бре Ѓеро?“ му велиме, а тој ни вели.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нему веројатно му го скратуваше дишењето токму таа помисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност и не сакајќи тој ни откриваше дека најсреќните мигови од врската со Јана ги има доживеано уште во часовите додека ѝ се приближувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сега сите петмина ќе сме со КЛУЧОТ на гуша: Љупчо - тој ни е водач, Влатко, Ташко, Дејко и јас.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)