тој (зам.) - те (зам.)

Ти сега на судот ќе кажеш дека тој те нападна прв со јатаганот и ти за да се одбраниш мораше, во стравот од смртта и во лутината, да го удриш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, тој те пронаоѓа од жуборливата вода, од водата што прска, што пее, од насмевната вода што те мами да ја пригрлиш, да се нурнеш, да исчезнеш во неа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Верувај во твојот Господ, зошто тој те сака најмногу, без разлика дали неговото име е Исус или Буда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вака, тој те тепа, а тебе ти е жал да му вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рафална стрелба е основен начин на гаѓање со автомат, му велиш, а тој те прашува кого треба да го убие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти иде за смеење, а тој те прашува што е смешно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, внимавај на дедо ти. Кога ти беше мал, тој те чуваше - сега ти чувај го него и не испуштај го од рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)