ваков (прид.) - нејзин (прид.)

Ваквата нејзина мрза ги натера докторите да применат сосема немедицински методи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А ако одговореше потврдно веднаш ќе додадев дека ваквиот нејзин карактер го обожавам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој отпрвин бил изненаден од ваквиот нејзин однос.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од ваквиот нејзин потег момчето побесне, па ѝ рече дека не сака да ја види неколку дена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)