Во едниот дисаг беше ги одвоил авалеџијата череците, двачереци, грошеви, алтилаци и други ситни пари, а во другиот само белите меџудии.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таму ги смести и други ситни нешта: извалкано шамивче за нос, ременчиња некакви, дробни пари.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Важно е дека се потврдува оти главната трговија на Никола Поцо не му била волната и другите ситни прехранбени производи, туку лиферувањето на оружје за турската војска.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги позна. Тоа беа жителите број 9 и број 7, првите негови соседи, едниот дискретен адвентист, другиот ситен чиновник, вљубен во својата мандолина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)