Малку беа зачудени зашто, освен за Холанѓанецот, не знаеја за ниту еден мој друг дечко.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сега повеќе и не вредеше да се пребарува во сеќавањето по пораките на моите други текстови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Христина, - ме повика Вера и покажувајќи на мене му рече на човекот со некаков прикриен пркос, - ова е мојата друга ќерка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Многу е добра, - реков, истовремено обидувајќи се да си ја претставам како моја друга мајка и пак, не знам како и зошто, ми изгледаше неможно.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Нејзините сонливи очи одеднаш се ококорија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Навистина, куќата на мојата друга тетка не беше така репрезентативна, голема и блескава како куќата на тетка Олга, но барем се влегуваше преку влезната врата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во момент на слабост ја подотворив вратата и се пресретнав со нејзината бушава, сонлива глава.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Колку што повеќе мислев на тоа, толку повеќе се потев - па се обидов да разговарам со тетка ми Олга додека мојата друга тетка се извини и рече дека ќе донесе нешто од другата соба "да се послужиме".
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Нејзините две мали деца - моите други братучеди, исто така машко и женско - се тискаа зад неа и се обидуваа со љубопитните очиња да ме измеркаат отаде нејзините грамадни раце.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не ги ни засука ракавите кога ја нурна во водата и со долниот дел го поклопи падобранот од тоалетна хартија и којзнае уште што друго под него.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)