нејзин (прид.) - внатрешен (прид.)

И Татко ја убедуваше Мајка, смирено и сталожено, но чувствувајќи го нејзиниот внатрешен немир, дека наскоро ја привршуваат работата со Камилски и тогаш целосно ќе им се препушти на семејството и децата, макар што не сакаше да нагласува колку работата со неговиот пријател беше за доброто на децата и потомците. И така сите трпеливо го очекуваа крајот на мисијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османлиската Империја тоа го оценувала како мешање во нејзините внатрешни работи и извршила мобилизација на својата европска војска.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во тој поглед на првиот дел од „Нова Пасквелија“ би можеле да му се стават примедби за пренаглености во оценките, недоволно уверливи проекции на некои состојби, но и такви тие се дел од една визија на деформациите на селото што поради нејзината внатрешна логика и хомогеност мораме да ја почитуваме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Прва против Османлиската Империја започнала да војува Црна Гора во октомври 1912 Обидот на големите европски сили да го спречат судирот завршил со неуспех, по што зазеле „неутрален став“.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Низ нејзиниот внатрешен дел поминува куршумот. Тука е нишанот, а ова е преклопник на нишанот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
LVIII Климент Камилски ја напушти Татковата куќа со притаена радост, а секогаш кога ја завршуваше работата со Татко се чувствуваше повозвишен, позначаен, чекореше поцврсто по калдрмата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)