веќе (прил.) - цврсто (прил.)

Тој веќе цврсто беше решен да не го отстапува станот но не беше расположен за карање и расправии.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Воопшто не им пречеше тоа што тие во своите раце веќе цврсто држеа зрела убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа што го посакувавме со силата на нашите желби веќе цврсто го држиме во дланките.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А мојот велосипед, гледајте го оној, легнал со главата на седиштето од мојот велосипед!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Огнот почна да им се гаси, а тие петтемина беа веќе цврсто заспани кога се осмелив да шепнам: - Да си одиме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можеме повеќе да бидеме субјекти, зашто нема веќе објекти на коишто би им биле субјекти, и нема веќе цврсто јадро, што би можело да биде субјект на некој објект.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Па сепак, и тие во својата левантска острастеност претеруваа, брзо се палеа и потоа одеа до крајности.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори...  Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)