Остана долго така, со посегната рака, свесен и за плачот во својата подотворена уста, свесен и за натежнатите солзи по своето лице, кои ги пушташе да му се леат сами, а јаренцето ниеднаш не престана да му ги поминува секогаш наново сите негови прсти.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Влезе во станот и не ја виде жена си ниту ѝ го чу гласот, но таа беше таму, па тргна кон столицата сакајќи да остане незабележан, но таа го гледаше додека ја допираше столицата и додека немо седнуваше. Седеше долго така. 85
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)