доцна (прил.) - вечер (прил.)

На жени, мажи и деца, на сите им помагаше со тревки кои ги береше во месец мај на едно повисоко место, таму каде што најпрвин пролетта се развива и каде што сонцето грее од утро па сѐ до доцна вечер.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А се враќаш дома доцна вечер со засмрдена уста од испиените аперитиви, вкупно 7, и како Пипс ја смируваш за секунда.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пиеја домашна ракија во изнајмениот стан на пријателот, беше доцна вечер, а топлата есен полека одминуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)