еднаш (прил.) - порано (прил.)

Ги сонуваше шумите и сончаните капки смола, густото златно млеко од кое, еднаш порано, му се врати здравјето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еднаш порано имам запишано дека и каде што се мноштво и каде што се само неколцина луѓе, се создава ист или сличен тип на односи при што присутни се и љубовта и омразата, и натпреварот, и зависта и настојувањето да се доминира, да се наложи власта од едни над други, присутен е стремежот да се создаде група, толпа, но во исто време и делби.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не смеам, срцево ми се тресе како глувче во фак.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знаеш, чорбаџике, тогаш како ни заповеда: „Тури на ум, глупава Анастасијо, ако ме разбудиш уште еднаш порано или подоцна отколку што сум рекол, бегај од мојава куќа и повеќе да не се вратиш!“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога Орлен Шумков викнал да не се пука заради опасноста да биде погоден со куршум Онисифор Проказник и кога неколцина се исправиле за да се стрчаат и да му помогнат на челникот, врз нив, врз извиците со кои се бодреле и врз писокот на ветрушката што се оддалечувала, се урнале неколку грмежи, и тие, пак залепени со гради за земјата, знаеле дека шестмината што некако ги опишувала со прсти и со очи Ганка ги измамиле со источничка војничка или арамиска мудрост: гледале во оној што доаѓал пред тоа на танконог шарколија и не виделе дека другите им дошле зад грб да ги косат со сигурна рака и сигурно око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозан Перуника ја повлекол кон земјата Ганка (таа не ги чула истрелите), го сторил тоа како еднаш порано во лесновската шума што го сторил со пијанството на крвта Арсо Арнаутче, со машка грубост освојувајќи ја врелата младост на Фиданка Кукникова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Тета, која, како што веќе еднаш порано реков, ѝ е најмала сестра на мајка ми, не ѝ се случувааат такви работи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе ја подотвореше вратата со синџирчето, ќе погледнеше кој е таму, најчесто велејќи ми "чекај", иако секогаш ми беше страв дека ќе ми ја затвори вратата и нема пак да ми ја отвори како еднаш порано.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си мислев на тоа додека ја чекав да ми отвори, затоа што знаев дека е дома, а нејзините веројатно беа на работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)