овде (прил.) - никогаш (прил.)

Па, човече, секој што еднаш го видел рецитирањето во Струга јасно му е дека на таа почва може виреат обреди и ритуали, паганштина, но нешто навистина подлабоко сакрално, она што кобајаги го нарекуваме уметност, она проникнување меѓу неверојатно извештените раце и божјиот стринг, она што го има Бах, Леонардо, Џојс, тоа овде никогаш го немало...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Посебни листи според припадноста на граѓаните овде никогаш не се водела”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И како што уличката тонеше во тишина, така во мене растеше несфатливото сознание дека, и покрај моето присуство на самиот настан, овде никогаш ништо не се случило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можеби дури и од некој од Вашите пријатели во Берлин”, додаде интригантно Беренц.  „Можеби”, рече расположено владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)