Кога Доста рече „да втасаме порано дома“ по целата снага трпки ѝ поминаа, па си помисли во себе: „Ех, сполајмити, бре боженце, оти и за мене имало „дома" да ме прибере.“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Изутрина, кога татко излегуваше за на дуќан, мајка му рече: „Денес, Јордане, порано дома врати се, зашто ќе дојдат нишан да разменат.“
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
- Е, де, денес за чудо возот од Белград не доцнеше. И еве ме, малку порано дома.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)