страшно (прил.) - и (сврз.)

Ќемал се налути страшно и почна да го бара арамијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Идеалот поставен од Партијата беше нешто огромно, страшно и блескаво - свет од челик и бетон, свет на монструозни машини и на застрашувачки оружја - нација на воини и фанатици, кои маршираат напред во совршено единство, сите мислејќи исти мисли и извикувајќи исти слогани, постојано работејќи, борејќи се, триумфирајќи, извршувајќи казни - триста милиони луѓе сите со исто лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Болка? Не, тоа не беше болка туку нешто пострашно и понеобјасниво.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)