толку (прил.) - очигледно (прил.)

Стигна малку порано. Немаше никакви проблеми по патот, а девојката беше толку очигледно искусна што беше по малку исплашен отколку што би било нормално.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото незадоволство од ова дело се должи и на фактот што тоа толку очигледно зависи од идеи претходно развивани во други негови дела, така што во него е неизбежен извесен степен на повторување, постапка од која Дишан се згрозуваше.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа може да се однесува на нејзиниот безобразен наслов, кој ако се комплетира, би гласел “Tu m’emerdes” (во слободен превод: “досаден си како пролив”).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој толку очигледно сам себеси се лаже и тоа нему му е толку убедливо што му личи на природна состојба што поинаква не може да биде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На човекот одеднаш како да му стана јасно нешто што било толку очигледно, а тој до овој момент не го знаел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сигурно и поради годините во кои беше зајден па немаше енергија поради „слава“ што толку очигледно му се нудеше по улиците на Солун да си ја погали суетата против што никогаш немал ништо против.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа е толку очигледно, особено во моментите на нашите прошетки низ сенките што смртта ги фрла околу нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај, иако сум свесен дека станува збор за умешни прелаги јас им се препуштам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се работи само за сатира на сметка на изведувачите, што се воопшто raison d'etre на MTV, туку и за безмилосен приказ на глупавите и асоцијални гледачи.” Beavis & Butthead се успешни затоа што им успева да ги антиципираат сите блазирани судови и лоши шеги што може да се изречат на сметка на толку очигледно циничното однесување, какво што е повторното прикажување на стари музички видео спотови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се работи за мошне сериозни лица, што се обидуваат на MTV да ги изградат своите академски кариери; коишто okno.mk | Margina #32-33 [1996] 106 секогаш одново ве изненадуваат кога преку бројните концептуални серпентини се пробиваат до повеќе или помалку предвидливи заклучоци; се плашам дека имаат намера да ги научат Beavis& Butthead како да гледаат MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со тоа доаѓаме до оние луѓе коишто со тоа се занимаваат професионално и коишто на кусо ги спомнавме во воведот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)