дури (сврз.) - и (сврз.)

Место рогузина и црни козинави покровчиња и шарени перници со слама полни ,овдека ефендиите најдоа: море — душек исполнет со волна, море — веленца, па дури и меки и бели перници со бубаќ и волна полнети!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само ако можеш да чувствуваш дека вреди да останеш човек, дури и кога од тоа нема никаква корист, ти си ги победил.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега, поради едни велосипеди можеме дури и сериозно да настрадаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ноќ е, августовска и ѕвездана. на крај Кукулино гори трошливата и стара куќа на покојниот Осип Крстин. Дури и небото е црвено од високите пламења.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше нешто, што мораше да се носи во себе, а додека заминуваше под тоа црвеникаво сонце му се чинеше дури и дека е добра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај тоа, прифатилиштата за лудаци и натаму изгледале како мачилишта за злосторници: во двете најпрочуени, Салпетрије и Бисетр во Париз, болните биле чувани како животни, некои од нив и во подземни ќелии, со синџири околу вратот, по казна врзувани на столбови на срамот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Блазе им, не чувствуваат ништо, лесно им е, боси, голи... зашто цокулите, па дури и искинати, фанелите волнени и шинелите излитени, изедени од молци и издупчени од куршуми им ги соблекоа и им ги зедоа живите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Самите работници беа застрашени дури и од помислата да ги бараат своите права пред суд!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури и половите органи и половите односи имаат пристојни, да не речам отмени изрази, а не како нашите безобразни, да не можеш да ги задржиш на јазикот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зарем немав право? Ако не постоеше тој црн знак верувам дека немаше да бидат спомнати планинските беспаќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред сè, би било праведно да се каже дека значајното лице набргу по заминувањето на кутриот, сосема сотрениот од него Акакиј Акакиевич, почувствувало нешто слично на сожалување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сеќавам, кога дознав за случката со штрците, на работниците им бев рекол: "Ах тие глупави штрци!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
-Тоа не е точно! Сите злосторници на планетава, дури и најсуровите убијци, се верници во себе, веруваат во сопствениот манастир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
— Ете шо се дава: едно рало калци, после чорапи, ванела, ќурдиа, па дури и кошула, ама за сефте баре калци. — И, да ѝ ослепа, едно рало калци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Размислував тихо. Настојував своите размисли да ги скријам дури и од себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нејзините непријатели, ако воопшто имаше непријатели, немаа начин да се состанат, или дури и да се идентификуваат меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И земјата, и небото и тревата околу тие дрвја, дури и карпите изгризани од животот, како низ танка магла да се наѕирале илјадници пламенчиња на свеќи и на факели, зрачела ноќе млечна светлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сеќаваш на приказните, ако си ги запамтил, на триковите со карти и на оној краток музички фрагмент на пијано – како одеше?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се вабат, мислеше, секако не е ни толку вистинско, за да биде онака добро, какво што треба да биде; тоа го разјадува дури и чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури и додека ја гледаше црната орда како напредува кон југ, тој виде уште една сила, необјаснето собрана, ненадејно никната во нејзината заднина, како ѝ го пресекува патот по копно и по море.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Јас ја повредувам, а таа не се брани, не се обидува дури ни да ја отстрани повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, и таа реса бргу се стопи во белата јаснотија што го обземаше дури и него самиот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Марија се чудеше, дури и се разочаруваше од неговото однесување. Не забележуваше никакви промени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И самиот рече дека некој настојува да ја скрие од тебе вистината, или нешто слично – ме враќаше на поранешниот исказ Стариот писател – па и да е така мислам дека не треба да се злоупотребува едно вакво толкување на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поради таа лишеност е оваа моја внимателна qубов кон вакви ситнурии”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но маната ѝ е во тоа што многу каса и што нејзиниот отров е многу поопасен: предизвикува големи болки, па дури и смрт.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Поразително беше сознанието дека македонските судии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, не ја следат ниту судската практика на Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа (за овој горлив проблем види во заклучокот на крајот од книгата).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Станува збор за борба против окупаторот. За војна. А не за револуционери. И не за некаква револуција – се трудев да дообјаснам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Нема поголема неправда од таа: заслужено да очекуваш сочувство а да наидеш на рамнодушност па дури и на злоба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога дојде свети Атанас зимен и Спасовден, Стале од двете најблиски и најголеми села, не само што собра пари за два манастира, ами направи веќе и булук од 150—200 овци и кози, подарени „за здравје“ и три четири телиња, една две крави за домазлак на манастирот, та дури и една кобила и пет кошари пчели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и со рацете морав да се служам додека му зборував.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Змејко речиси можеше и да го чуе како диши од другата страна на вратата. Беше дури и некакво туѓо гласче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој го направи - и ќе го направеше сеедно, дури и никогаш да не го беше ставил перото врз хартијата - основниот престап што ги содржеше сите други во себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но дури и во случаевите кога ќе втасам предвреме на таа проклета автобуска постојка, седиштата на долниот кат се пополнети а стоењето долу е забрането.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но ете, таа дојде кај нас, побара некоја неодредена и нејасна помош, го стори и тој чекор за кој неупатениот веројатно ќе помисли дека бил избрзан па дури и недоволно обмислен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Напротив, воената хистерија е постојана и универзална за сите земји, а чиновите како што се силувањето, ограбувањето, колежот на деца, претворањето на целото население во робови, репресалиите спрема заробениците, меѓу кои се подразбира дури и варењето и закопувањето на живи луѓе, се сметаат за нормални, а кога ги извршува сопствената страна а не непријателската, дури и за јуначки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзе ѝ годеше кога слушаше дека е убава, дури и преубава (Господ знае што значи тоа!), ама и се лутеше кога ништо не велеа за Дончо, ни дека не е убав, ни дека не е - нешто друго!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Плескотот се пренесена сите редици, дури и до оние на сред чаир, што не можеа ни да видат што има на сцената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ја слушаше тишината и не слушна ни движење, ни звук, ни чекор од стапки по килимот. Дури и нејзиниот мирис исчезна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Вујко сум ти, Онисифоре. Не смееш да кренеш рака на набожниот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рабле, којшто говореше повеќе европски јазици, но и грчки, латински, дури и хебрејски, своите гротескни романи Гаргантуа и Пантагруел, ги прошара со безброј нови зборови, привлечни неологизми, состави листа на бизарни јадења на времето, не заборавајќи ги и имињата на класичните јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш рапав крик ја наморничави дури и земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа доаѓаше до израз дури и во движењето со кое ја ставаше раката в џеб, или ја вртеше цигарата меѓу прстите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кикицас ја изгаси цигарата и рече: - Во оваа ситуација тој предлог е веќе задоцнет и не постои никаква реална можност за негова реализација, па дури и за спомнување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Споменот ја има способноста дури и на најсветлата улица, измиена до коска од бистрата сончевина, да му понуди на споменот дамнешни простории и во нив мали осветлени витрини по кои погледот шета и ги пребира необичните скапоцени предмети.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па сепак, иако на моменти ја мразиме, дури и презираме, и најпримамливите понуди за нејзиното отуѓување спремно ги одбиваме“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во Булкес Грците отворија голема земјоделска задруга, основно училиште и гимназија, имаат своја власт и свои пари, па дури и милиција, печатница во која печатат весници и книги и скоро сите кои беа борци на ЕЛАС таму учат да бидат политички комесари.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој е вклучен во заштитата на работничките права, информирајќи ги колегите, но нема земено активно учество во структурите на синдикалната организација. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во нашиве разговори умешно го забошотуваш и случајот со твојот братучед.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и улиците што водеа до неговите надворешни бариери беа постојано патролирани од стражари со мајмунски лица, во црни униформи, вооружени со пендреци на расклопување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Литературата ја има онаа прекрасна моќ на градење мостови дури и меѓу навидум неспоиви појави и дела.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Решија чуновите да ги прилагодат на новото време. Дури и ги обоија црвено, а на клунот им цртаа петокраки со срп и чекан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и косата ти паѓа во прамени. Гледај!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ќе ги земаме тркалата“ реков, „ајде доста смеење, треба да се работи!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Колку за пример, Бугарија, која е членка на ЕУ и е четирипати поголема од нас по бројот на жители, има вкупно 500 судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А кога не се најде трага ни од Хаџи Ташку со дружината, ниту, пак, од некои други ајдути, ко се дораздени убаво (небото изгреа ведро и дури и повцрвено од сношти, но сега на другата, на источната страна; и што удри една цибрина, срцето на човека да му распукне во градите) сите одново се собраа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вие еве сте знаеле и по бугарски и сте го знаеле дури и името мое, рекол Силјан; ви се молам, стриколе, од кај ме познавате мене што ми рековте на име?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Професорот Седларски понатаму објасни дека ќе се обидел да пренесе одредени поединости забележани во записите на спомнатиот монах иако го споделува ценетото мислење на некои свои колеги дека дури и со поместувањето на обичниот мртов предмет од едно во друго време или од еден во друг простор може да дојде и до промена во толкувањето на веќе презентираните вредности не само за спомнатиот предмет туку и за времето на неговото настанување, за изгледот па и за настанатите промени во неговите особини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Според денешните мерила, дури и Католичката црква во Средниот век беше толерантна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не станува збор за покажување моќ, туку за џентлментски договор што треба да се почитува, дури и ако не постои закон!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Гледајќи ја таа слика, дури и ние глувчињата ги поткревавме опавчињата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, сѐ уште не беше начисто каде целеше Игор Лозински, дури и кога тој продолжи: - Јагулата, пријателе мој, е вистинскиот симбол на жртвувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури и да направат, топчето си го виткаат у книфче и си го чуваат у џеб.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ќе ти доведе невеста; ќе ти даде леб, вино, ракиа, та дури и пари за свадбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ има граници, дури и твојот труд. Затоа, човечки е да се истроши силата, трудејќи се.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Та макар да прооди и со Биновите потери, таа не пукна на никого, па дури и на Пуловец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А во одделни судови од државава има судии што, годишно, имаат во работа по 500 предмети, додека во други судови, на истиот број предмети, работат дури седум судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сватовите се советуваат со недели напред, и обично одат на пазар без пазар, кога градот е помирен, кога можат послободно да се пазарат со Пушмарковци за шамии, со Алекса баба за бакаллак, со Јашмакот за чевли и со други прилепски трговци, коишто, кога ќе разберат оти е за свадба, не ги пуштаат муштериите па дури и „под зијан" да дадат, само да е за „аирлиа" радоста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и најголемиот мудрец си ја лапа збунето брадата, сиромав, не знае како да ја прекине олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Но кога Сандо ја прашал дали слушнала дека некој посакал да и се обрати, одговорот на Јана бил негативен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога нервите му беа испокинати по долгите часови сослушување, дури и ваквото преколнување можеше да го натера на тажно липање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа му услужи дури и со својата свештена облека и шапка и му вети дека ќе ги држи Трајка, Најда и Велјана како момци на манастирот без да ги тера дури и на работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одгледуваше кромид, лук, морков, целер, магдонос, дури и по некој страк бамји и модри патлиџани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можеби дури и брат ми го пратиле да нѐ побара на Млечен (така ние накусо го нарекуваме просторот околу Млечниот ресторан каде што лете се собираме ние децата од околните улици), па ако се вратил и ако кажал дека таму никој не нѐ видел попладнево, ќе биде голема паника.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По еден час, госпоѓата со дванаесет обетки само на едното уво и прстени на сите прсти, па дури и на палецот од ногата, се претстави како цариничка на границата со Бугарија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама, нели во наше Мариово жените се к'т, едвај чекаа мариовците да се жугне некаде оти има женска пола за давање — како сака нека биде! Макар ќора, крива, саката ... Па дури и немата Петкана Арапова се омажи за Трајка Рошајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и со плашило ги заградил амбарите за да не можат да клукаат пилињата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеш, и денот не се разденува наеднаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од друга страна, продолжував да размислувам, објавувајќи ја својата неприкосновена волја. тој наш Создател, зарем требаше врз едни народи да ја истури сета своја љубезност а другите да ги одмине, или пак, во оние, најлошине случаи, дури и да ги зачади со темјанот на проклетството, му реков на Никола Леко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му пуштаа магнетофонски снимки, му покажуваа фотографии. На некои од нив беа Џулија и тој. Да, дури и...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Која волна, која чорапи, гаќи, ќурдија, дури и по некоја сакма, а ете, некоја сиромашка фрлила писана кошула, — алова, „старавинската", а некоја пак грабено детинско кошулче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мрамор 1
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дури и денес, кога веќе се затвори и книгата на неговиот живот, кога на сѐ му дојде крајот, можам да потврдам оти ниту една од неговите прелаги, а и да не ги спомнувам неделата, животот не втаса или не сакаше да ги осуди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина  ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Чувај нерви, братче! Така не се игра. Ладнокрвно, спокојно, дури и блефирај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но другиот глас не запираше ни за миг, дури и кога девојката ќе прозбореше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеше дури и еден збор за тоа во Новоговорот: се викаше тоа „лицопрестап.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ќе е добро, според овие одговори, во ниедна варијанта да му се суди на Чанга во присуство или во отсуство, жив или мртов, зашто со ова конечно ќе се придонесеше Чанга дефинитивно да стане козји светец, дури и да го надмине славењето на хероите од војната, дури и сегашните главни водачи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Листајќи ги биографиите на историските големци, прочитав дека и најголемите имиња во историјата на уметноста беше биле влезени во брачни заедници, па некои дури и со истиот пол.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Поради неоснована клевета кај Французите, наводно дека се дружел со непријателите на Французите, тој е отпуштен од службата, дури и уапсен, но оставен да лежи во Командата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нели: Споменот се смее а солзи му течат од очите!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и зелката се разболе од зеленчукова килавост, од тумори против кои селската рамнодушност со години веќе не се бореше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од тоа време позорникарите добиле толку голем страв од мртовците, што одбегнувале дури да ги фаќаат и живите, туку само оддалеку подвикнувале: „Еј, ти, гледај си го својот пат!“ – и мртовецот- чиновник почнал да се појавува дури и преку Калинкиниот мост, ширејќи голем страв врз сите плашливи луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И самиот дом ми беше некакво огледало, сенка на сенката која ми го поставуваше прашањето кое се колеба меѓу постоењето и непостоењето, и затоа дури и кога студот влегуваше в коски, дури и кога ветерот биеше толку силно што мораше да се затвораат очите, јас лутав по улиците, застанував на мостовите, влегував во некоја синагога или пак црква, седнував на некоја клупа, и така ја проветрував душата како ткаенина во која се насобрал горок мирис.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија“ се применуваше и драконскага „валага“ та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека никој не се осмелува да ми каже дека дури и за миг на потрошувачот му паѓа на памет фактот дека тој со отпадот што го плаќа и расфрла ја загадува околината и си го загрозува здравјето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеш да измрдуваш успешно извесно време, дури и со години, но порано или подоцна тие мора да те откријат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се движев, молчев. Мислев дека зачудено ќе се вртат кон мене дури и ако воздивнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи најсериозно мислев, а и сега мислам дека таа недоречена симпатија, или занес, дури и за самата Рајна и не беше ништо друго туку еден од нејзините безбројни каприци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И можете да си претставите каков впечаток направи мојата реч, дури и на моноклесијата, која намерно стана по пауза од еден ден, што бев ја направил предодениот ден, кога настојував собранието да се претвори во моноклесија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За неа, освен слична симптоматичност, се нагласуваше дури и бенефиција во однос на креативизмот и академските достигнувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и Џулија изгледаше како да е импресионирана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Важна е дури и светлината под која словото е првобитно сочинето; слово сочинето под светилото ноќно не е истото слово ако се чита на светлина од светилото денско.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па дури и технолошкиот напредок се случува само кога неговите производи можат на некој начин да бидат употребени за намалување на слободата на човекот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас паѓав; сѐ почесто паѓав во одвратната мрежа, во која се заплеткував и од која ме вадеше стариот аѓутант; дури и одењето ми стана привилегија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Писателот, едноставно, не го фермаат, дури и кога се буни како Грк у апс.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нешто што наеднаш може да пламне и да ги измени сите нешта или пак засекогаш да прегори дури и незапалено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Претставата ја слушаше и некој кој во секој момент можеше да притрча и да ми се најде, ама уживаше исто како и јас, дури и повеќе, а буричкаше во карпите како мало дете што собира каменчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури и ведна со главата до под гранката како да ќе ѝ подаде рака да ја поткрене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ѓорѓе секоја недела доаѓаше во Бечеј. Дури и Рада тајно еднаш замина за Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја свртев и скокнав викајќи - шестка. Значи - триесет стокмив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Високи, стројни, дури и кобилите опуљ вртеа, а камо ли моми... Мажи, а не како тебе, ебате, кускуле...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кај се чуло или видело, дури и во големи семејства, девојка да замине да студира во туѓина, дури во Италија или во Австрија, во Букурешт или во Цариград, кај што можеа да одат само момчињата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
При ова патување речиси постојано се среќавав, дури и се судрував со чудни фантазмагорични привиденија, чии што контури повеќе потсетуваа на кукли што ги гледаме по излозите но со подвижни екстремитети, со лица што се смеат додека очите плачат, дури и со зборови што не беа кажувани туку едноставно извираа од утробите на овие креатури.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Апстиненцијата, дури и кога оргазмот е можен, исто така може да сведочи за патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и кога средствата за војување не се навистина уништени, нивното натамошно производство е згоден начин за трошење на работната сила, а притоа да не се произведе ништо за широка потрошувачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ене, на онаа полица имаме секаков алат: метро, пила, чекан и чеканче, клешти, дури и моторцангли, сврдел, турпија, кутија со клинци и завртки од разни големини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најпосле, секогаш и секаде, при големите зафати, при градбите, имало и кавги и интриги, дури и големи казни и катастрофи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На масата немаше ништо, никаков остаток од појадок или филџан од испиен чај, масата беше без ронка или дамка по излитената мушама, дури и без грлестата вазничка со некое од нејзиното ситно цвеќе во дворот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги сакам кујните дури и оние, што би рекол Хандке, во кои неверната жена вари мрсна супа за својот љубовник, во која љубовникот на неверната жена ја срка супата како да му е последно нешто што ќе го исрка во животот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите ѕвезди слегле од небото и се разлетале наоколу, низ паркот. Дури и ѕвездата Деница.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му даваа дури и топла вода за миење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кражбата ти е исто што и занает - се делкал штичиња и си научил да прави каци, ковчези со срма шарани, па дури и чези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не треба овде да си го испробуваме крекањето ниту да си ја вежбаме смеата. И на крајот се пошегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„ Додека лежиш тука“, рече О'Брајан, „ ти често се прашуваш - ме праша дури и мене - зошто Министерството на љубовта би трошело толку многу време и труд со тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сандо од обезбедувањето ми рече дека обвинетиот двапати се обидел да ѝ се приближи на Јана, дури и да стапи со неа во контакт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Занемени го гледавме - де во босите прашливи стапала, де во разнишаното тело и раскрилените раце, де во збруштеното лице.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па дури и еден ескалатор во трговските центри, можеше да биде извинет затоа што сопнал некој трубадур.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стигна жалба дури и од партиската организација на Театарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури и литературата на Партијата ќе се промени. Дури и слоганите ќе се променат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А и во болница, во Интензивна нега се јави, да не случајно таму те однеле, што знам поради каква несреќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашите застрашени детски очи беа управени кон човекот со долго црно кожено палто и со долги мустаќи, кои му даваа строг израз, дури и кога на лицето ќе се појавеше здржана насмевка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури и да завлезеа понекогаш во некоја расправија што би можела да се претвори во кавга, почитта што Бојан ја чувствуваше кон возраста на Кирил, го задржуваше од натамошни расправии, го присилуваше да се согласи со него, да попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Признаваше сѐ, дури и тоа што беше успеал да не го каже под тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа дојдени божем за да вршат маневри, а всушност ги прогонуваа нашите партизани и вршеа реквизиција на новоовршеното жито.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Хаосот се јавува дури и во наизглед простите њутновски системи каде што не постои одлевање на енергијата (ткн. Хамилтонови системи), какво што е движењето на ѕвездите во галаксиите и на атомите во молекулите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дури и такви, кои за една копејка ќе ѝ го предадат на сатаната и најблискиот свој!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Васј“, така ми рече, „Васј мене стравот од војните ми е во крвта!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Зар не е блиску до умот дека токму така можело тоа да се случи!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Винстон престана да се тресе. Одвај мрдаше дури и со очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уште дедото на некогашниот маскар кој ги минувал овие патишта, еднаш дури и со благородниот патник Челеби од Стамбол, раскажувал во Кукулино за тој град од камени куќи, стари мостови, џамии и беговски кули и прозорци од зелено стакло и со стотици чешми и водоскоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин, како по правило, почнуваше Караѓозо, јако, темно мажиште со испакнати коски на лицето, со орлов нос, со брада која како да растеше дури и на очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и да ми сошијат под кожата постава од оловни прачки нема да успеат да ме задржат во ова време…
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Која е природата на таа темпоралност?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И цвекло јадам, и ужинката, дури и лебот со мед.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Првпат, по толку мои идења, забележав дека солунскиот пазар е многу посиромашен со пиперки, домати, за разлика од кај нас, дури и поскап.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што потоа, како кадар од убав филм, заминува од погледот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Каде е дури и привидот на желбата, освен во теоретскиот привид на психоанализата и во политичките илузии на револуциите?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова ѝ го реков на Пеперутката кога ѝ се роди онаа необична замисла за порачка на повеќе свилени платнени ленти во сите бои: и бела , и црвена, и розова, дури и виолетова.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чекорите одминуваат, одат по некој друг, добро што не го запре овој вруток од пријатни мисли: „Во училиштето за сиромашни еврејски деца, учениците изучуваат четири јазици: хебрејски, грчки, француски и шпански.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам, мојот млад пријател, дали и колку би можел да допре до овие мои размисли за некогашниот Пасаж? (Дури и гласовите на продавачките што некогаш шетаа зад витрините повторно се овде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во прво време, во темата на враќањето во родната земја, субјектот разбира дека ќе треба да се брани од акциите на еден анти­субјект, наративен интервент, означен од платените егзекутори на тајната полиција („Дури и во мислите, не стануваше збор за повлекување или да се избегне стапицата којашто се профилираше...“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поезијата е онаа состојба на духот на творецот во која дури и најморничавите мигови од животот се преточуваат во своевидни метафори, алегории или други стилски фигури сосема ненаметливо и спонтано.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Поприродно беше да се постои од момент до момент, да се прифатат уште десетте минути живот, дури и кога со сигурност се знае дека на крајот следува тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои прифаќаат и ми прават друштво, некои дури и уживаат додека се налеваме со по една, втора, трета тура...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
(...) Да не мислиш на смртно сериозните теми (од психоанализа, дискриминација до екологија) третирани на лежерен, шегобиен, дури и навидум „несериозен“ начин?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Просто бев шокирана. Од каде запалка во мојата ногавица, кога јас дури и не сум пушач.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ретко работеше, дури и во најдобрите времиња, а сега струјата се укинуваше преку ден. Тоа беше дел од штедењето во подготовките за Неделата на омразата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поинтензивно почнал да се занимава со пишување во гимназиските години во Битола, учествувајќи активно во литературната дружина при Гимназијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговиот ситен, детски ракопис се искосуваше горе долу по страницата, заборавајќи прво на големите букви, а потоа дури и на точките: „ 4 април, 1984.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се успокои, па викна дури и запеа. После спокоен, им дозволи на другите да се изладат во бујната Црна, која беше полноводна и пролетва, како есеноска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Навикнат да го напуштаат (сите, дури и брезата), реши да биде внимателен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што ќе стореше со него, дури и да го сочуваше?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некогаш дури и обичните луѓе ги нарекуваа лудаци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и сега му се чинеше сосем можно дека девојката, кога ќе се сврти и ќе го погледне, ќе се предомисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и да успееше да ја разбуди Кетрин, да можеше да го постигне тоа, тоа ќе беше нешто како заведување, сеедно што му беше жена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и за свитканиот на две Дане Шарлаганџијата, или поточно за неговиот коњ што ја движеше пресата за цедење шарлаган.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
АРМАСНИЦИ
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се стуткавме една до друга.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да си малцинство, дури и малцинство од еден, не значи дека си луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и на Винстон му беше јасно дека таа чека нешто што знае дека ќе се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше и на избледените панталончиња, и на широката маичка, дури и малку на едниот образ, близу до увото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и повремениот мрморлив глас на мајка му, што однадвор допираше до него, му звучеше необично.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од новата фонтана пред градскиот парк бликна млаз свежа боза. Луѓе како луѓе, се собираа пред чудото. Некои дури и се напија од бозата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Му даде јадење и водичка, го искапи, дури и куќичка му направи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имало, веројатно и повеќе такви случувања, посебно во оние мрачни ноќи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Којзнае кои се и какви се овие чудни луѓе, којзнае што може да ни се случи ако нѐ откријат во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се дознало од надвор, и тоа дури и од добронамерни братски ултралеви партии дека Атеистичкиот музеј, таков каков што бил, ѝ нанесувал штета на земјата. Но тоа сепак биле гласини...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во текот на војната имавме и полоши денови од тие зад Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и манастирска пастрма му се сладела. Еднаш, ноќе на сам Велипеток, некојси калуѓер го стапнал човечето зад бочва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тој ден Даскалов ми донесе повеќе пакети млеко и јајца во прав; тенекиини кутии со месо, детска облека, па дури и фустани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
При глумењето заслепена отсутност од страна на натрапникот сфатив дека моите игри, колку и да беа продуховени не претсатавуваа ништо друго освен обично црпење вода со цедалка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој по мачниот живот што го мина, неколку пати соочувајќи се со смртта и со пеколни маки, во последен миг спасен пред да биде целосно жив закопан, им порачуваше да ги сакаат родната земја и јазикот до страдање, да не им се срди срцето против Албанија дури и кога ќе страдаат невини, татковината останува татковина, дури кога убива.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А мене види ме: фустанот валкан, испартален, косата бушава, дури и лицето не ми е чисто. Немам ни чорапи, ни кондури.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Нема и да оспорат ништо во случај да не постојат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и ако новите технолошки предности не ни даваат чиста брзина, се осмелувам да кажам дека тие се индикативи за нова форма на темпоралноста, современото чувство за подесување на времето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Квечерината беше многу побескрајна и се спушташе понеумоливо од врнежот; во неа исчезнуваа дури и меките допири на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од една страна, несомнено е дека некои лица, врз основа на своите интереси и/или идеолошки позиции, стојат на мислењето дека работниците се доволно заштитени, па дури и дека сѐ уште имаат премногу права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тие дрвја се одбивале секирите на дрварите и се кршело железото, од плитко засечената кора се цедел сок по густина и бледомедена боја сличен на коскена срцевина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
После една втора или трета кавга заигра дури и „дрвен господ".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие се еден вид притисок што ти не можеш да го издржиш, дури и да сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во тоа општо стврднување на позициите, што настапи околу 1930-тата, некои постапки што беа одамна напуштени, во одделни случаи и пред стотици години - како затворањето без судење, употребата на воените заробеници како робови, јавните егзекуции, тортурата заради изнудување признанија, употребата на заложници и депортациите на цели народи - не само што станаа повторно вообичаени, туку беа толерирани, па дури и бранети од луѓе кои мислеа за себе дека се просветени и напредни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и да беше помалку опасно, сепак ќе беше тешко да се најде време за состаноци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Посебно ми се чини привлечна иако нејасна дури и облачна онаа претпоставка: дека иследникот, во настојувањата да го скрши моето спротивставување и самиот не одбива да дружи со моите размисли упорно следејќи ги.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Членовите на семејството на Праведникот тоа го сфатија како знак на голема надеж ветена од небото, верувајќи во добар исход дури и кога по неколку месеци, ги натоварија во воз за концентрационите логори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со очајнички напор, како да кубе дел од сопствениот мозок, можеше дури и да го извлече тоа нешто на виделина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше некоја тага во купувањето по супермаркетите, во тоа отсуство на духот сред купиштата материја, кое додуша понекогаш е неопходно за и најдуховниот да се сосредоточи на неговите практични потреби, дури и ако тие за него завршуваат кај млекото и лебот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа е резултат на првокласната обука што во денешно време им се дава во Шпионите - подобра дури и од моето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пустата кременачка на Кулета, полна со волчки сачми, му ги наполни бутовите; па дури и десното уше беше го продупчила: таман за обетка да носи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Речиси при секој збор внимавав на своите гестови; дури и на насмевката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но ако не бевме и двете токму тоа: (недоразбирања што се движат едното спроти другото), кажи, каде тогаш ќе се сретневме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Должност на претседателот на советот, односно судијата поединец е да се грижи предметот на спорот сестрано да се претресе, но постапката пора- ди тоа да не се одолжува – така што расправата, по можност, да се доврши на едно рочиште (чл. 297, ст.1-2 од ЗПП). 4.  А токму за темата недостапност на судскиот систем поради финансиски причини, во мај 2009, Асоцијацијата „Magna Carta“ и Клубот на оратори „Forum oratores“ – на Правниот факултет „Јусти- нијан Први“ при УКИМ – Скопје организираа стручна трибина на тема: Правда за сиромашните.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури и Мустафа Кемал, таткото на нова Турција, со тоталните реформи не ќе успее да раскине целосно со исламското наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, фрапира фактот што двојно повеќе се паркирани по истанбулските улици, а на некои места дури и на тротоарите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Конкретно и јасно. Дури и вистинито.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури и за двете средби ѝ кажа, и за самото писмо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Барале, пребарувале, запреле пред козлето сторено јагне, го погледнале добро, дури и го погалиле.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така беше побезбедно; иако, како што знаеше добро, дури и еден грб може многу да каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и сега, во Долги интервали, неговите стрипови се појавуваа во „Тајмс“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и сега, јас сум сосем свесен за тоа, ти се држиш за својата болест, верувајќи дека таа е доблест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој им зборуваше на „советниците“ што седеа на масата, но неговите пламени зборови достигаа до ушите на сите селани, дури и до ушите на оние што не гледаа — од сред чаир.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Делотворноста, дури и воената делотворност, не е повеќе потребна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да продолжеше францускиот јазик (уште некодифициран, помеѓу латинскиот и класичниот јазик) да го следи зборотворниот гениј на Рабле, а не патот на академизмот што ќе го следи во наредните векови, тој ќе беше еден од најбогатите јазици во светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивните движења немаа ни ред ни крај, се повторува и пак беа секогаш поинакви, еднаш остри и аглести, другпат меки, бавни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Точно беше дека таа на целата војна гледаше како на измама: но очигледно беше дека дури и не забележала оти името на непријателот е променето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потем додаваше: „Песната, односно стиховите, се и ќе бидат најмноќното средство за решавање на меѓусоседските завидливости и кавги, меѓунационалните и верски столбновенија, та дури и на меѓудржавните судири и војни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да беа уверени, како од некаде да знаеја дека никој не им може ништо, дека тие од оваа страна веќе со денови ја добиваа истата наредба – не пукај, не оди, чекај следна наредба...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Големата река од едната страна на стопанството Острово толку многу се смали што дури и децата ја прегазуваа на најширокиот дел, а каналот оти постојано свртен кон пиперките и доматите речиси остана без вода од мовчето преку кое се влегува во населбата внатре па сѐ до спојот со реката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури и чукањето на своето срце можеш да го чуеш како туѓо, дури и своето дишење...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш, во детството, очајот го ублажував со верувањето дека тегобноста ќе заврши оној ден кога ќе ја најдам таа друга рака, кога мојата и нечија друга рака, соединети, ќе тргнат заедно низ животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Боге му свирна да се тргне од патот, но јарецот не се ни мрдна - само ја проследи со главата колата како го одминува, со поглед потценувачки ако не и пцувачки, па дури и не затупка со копитата по асфалтот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој нејзин збор, па дури и замолбите кои, навистина, беа ретки, добиваа призвук на наредби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јован требаше да им биде кодош кај Доста, кај Батанџиовите невести, кај Дунава Макрева, кај Бојана Жиовката; па дури и кај Рожденката, ама слабо поминаа кај сите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но не можејќи да се ослободи од атавистичкото верување дека власта над народот му е месијански одредена од некоја далечна, мистична сила, која може да биде само божја, Бургиба никогаш нема да се ослободи од неа, дури и кога сенилноста и немоќта видливо ќе ја ограничат моќта да владее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Преминувањата од една група во друга се далеку помалубројни отколку во капитализмот, или дури и во прединдустриската ера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сум одел само до Кратово. И по друг пат, маскарски, над Џгури кај што се топи во жижници олово и сребро. “ ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те оправдувам, дури и да заговараш во последен момент малку дивина, неосквернето својство на природата (кајшто човечка нога не стапнала!) малку самољубие, „соба за себе“ морски залив колку да не заминеш од овој свет пренесена жедна преку вода - ааах, Доме мој сладок!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да ти признаам, (барем тоа можам): љубопитството ме доведе и на твојот погреб, иако, знам, дека дури и самото мое појавување овде и во овој час ти го сметаш за некоректно па дури и непристојно со оглед на некои од нашите поранешни среќавања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Вината ќе биде твоја ако ти се случи да паднеш дури и во бездна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И на такви случувања мракот им е сводник!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, сите овие нејасни објаснувања беа делчиња од некои настани за кои не бев ни сигурна дека се случиле, но и да бев дури и поглупава ќе дојдев до истиве овие заклучоци што дури сега ги кажувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И, како што се вели за некого дека откога ќе се попари од млеко потоа дува и на маштеница, така по оваа случка и Фигаро почна да бега дури и од мувите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој поглед беше просто зачекнат, впиен во неговиот тил, а еднаш сосема јасно откри дека тука, на десетина чекори од него, веќе сноват и сите други издолжени прилики, на кои можеа да им бидат здогледани дури и нозете како пречекоруваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Бистри извори, јаготки, малинки, диви свињи, зајаци, лисици, мечки, па дури и диви петли и кокошки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Каде е сега? Меѓу предводниците? Се разбира, затоа и е тука. Не, не е подведен меѓу послушниците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да не мислиш да бркаш валијата од Битола?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И на двете војски овие пци им сториле абер, но ајде да поразмислиме малку што да правиме, — предложи тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фатил пријателство со мулазимот од кашлата, со ќатипот од конакот, та дури и со стариот Мудур Арслан — беј; и зошто овие ќе го искористат овој млад човек ако не за кодошлак кај мариовките?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу од младите жени, па дури и по некоја баба, и рака му бакнаа, мислејќи дека Сталко е веќе запопен, макар да не носеше „венец“ на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во некои тајни партиски списи дури и се навестуваше опасноста, ако не се преземат итни мерки, повикот „Пролетери од сите земји, обединете се!”, да заврши со „Козари од сите земји, обединете се!”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури и имињата на четирите министерства, преку кои сме управувани, покажуваат еден вид дрскост затоа што намерно ги извртуваат фактите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имено, позорникарот на некојси кварт во Кирјушкиновото сокаче веќе го беше фатил мртовецот за врат на самото место на престапот, кога се обидувал да му го симне дебелиот волнен шинел од некој си музикант во оставка, што во свое време свирел на флејта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
IV. Нему не му одговори, иако се обиде дури и да си ја подигне раката и да му намавне на тоа старче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Значи, постоеја сите околности недоразбирањата да се изгладат и тоа без некои посериозни последици за Родна и за нејзиниот брак. Дури и без туѓо посредување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Новоговорот беше базиран врз англискиот јазик, онаков каков што го знаеме сега, иако многу од новоговорните реченици, дури и кога не содржеа новосоздадени зборови, би биле одвај разбирливи за човек што го говори денешниот англиски јазик.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И беше наполно сигурен дека неговиот глас, кога би го испуштил сега, онака напнат во неговите гради, би бил многу покукавичко завивање, без ниедна трошка од онаа решителност, што ја имаа во себе дури и најслабите и најдалечните нивни одзиви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Терапевтот дури и нема потреба да знае нешто друго освен како да води разговор, слично на разговорот што тој или таа може да го води во ресторан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа ќе беше несфатливо опасно, дури и да знаеше како да го стори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ема имаше висок степен на самосвест, таа знаеше дека беше почитувана од колегите и од надворешните соработници (дури и од оние кои постојано работеа против неа) затоа што покажа, низ сите изминати години, дека е жена со силен дух, тврда и непопустлива.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Постојат прилики кога едно човечко суштество може да ѝ се противстави на болката, дури и по цена на смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина, со закон турскиот поредок не беше робовладетелски, но на практика токму таков беше, зашто покорената раја беше сопственост на бегот и тој располагаше со неа по своја волја, та дури и до продавање на луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
До еден со доблест станаа жртви на храбриот Дичо четниците горди; и ранети тука, па дури и мртви, насилија трпат од турските орди.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Сѐ дал господ, за нишчо не сме астретни, само ете така, коа позавалани ни се виа мажјето, та и јас од пуста измет :во куќата не можа глава да крена, тики дури и манџичка не ми паѓа асолно да си направа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поради тоа ќе треба самата да измислам некој нов термин, за некаква нова болест што ќе ме карактеризира само мене (хмм... којзнае дали ќе можам, дури и свински грип измислија), ... и јас, така да речам, ќе бидам основачот на таа болест.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дури и кога би исчезнал и последниот примерок, ние можеме да ја репродуцираме речиси од збор до збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој не само што ја има усовршено својата дарба внимателно да го сослуша секого со сенешто, макар и најздодевна будалаштина туку е и неверојатно љубопитен, дури и за работи коишто за ништо не можат да му послужат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак Арсо Арнаутче можел да го види Лесново и низ метежот на сеќавањата. Тогаш и уште повеќе подоцна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и му ветил дека нема да му ја заборави оваа услуга, ако ја изврши нарачката онака како што тој бара.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Набљудувачот субјективно ги чита и ги слуша зборовите, така што можеби дури и несвесно создава различни асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А исто така речиси бев сигурен дека скокот на Јана од коленото на Непознатиот Катерина го оценува како свој личен успех.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Брзо избегав од овој салон. Дури и убавините на Версај не ми се видоа привлечни...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Новата свежина, трепетот на еден нов сензибилитет во контекстот на урбаната атмосфера, обично се врзува за младата генерација раскажувачи, што од друга страна пак, не значи дека расказот Самураи на Славко Јаневски, на пример, не звучи „модерно”, дури и „помодерно” од расказите и на најмладите и најавангардни автори поместени во овој избор.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А сѐ се движеше кон тоа однапред да се оправда грешката, при што, како жртвени јарци и други заложници, беа повиканите политички агитатори, дури и стручните лица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оваа светлина која поучува како најотворено да се разговара со себеси, упатува на оние карпи, на оние камењари кои доколку подолго ги гледаш ќе забележиш дека и не е така тешко да се стане и камен! Дури и - мрамор!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А што се однесува до оној твој злосторник што те следи од најраната младост – ја промени наеднаш темата Пеперутката – не смееш да одложуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и во сон не можеше сосем да се ослободи од нејзината слика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото жаболико лице се поуспокои, па доби дури и малку побожен израз.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка ми прекорно и налутено го погледна татко ми: - Ете ти ги твоите зборови, - му се вдаде. - Дури и Бреза ги научила од тебе!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зашто, промената на мислењето, па дури и на политиката, претставува признавање на слабоста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во филмот Mario banana (1964) пак, кој исто така му припаѓа на тој ран период, Марио Монтез, впечатливо нашминкан, сензуално јаде банана алудирајќи на фелацио; ова е уште една верзија на Eat, со додавање на сексуална конотација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
“Автобио­графијата” исцело е стар назив со кој се означува едното од така “заложените” тела. 4Но, зошто пишувањето е толку важно?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Склоноста кон пишувањето Иван Точко ја почувствувал уште во годините на нижото гимназиско образование во Охрид, пишувајќи песнички, раскази, па дури и еден драмски обид.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наликуваше на доктор, на учител, дури и на свештеник, повеќе спремен да објаснува и да убедува, отколку да казнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ кафеаната помина нешто како електрична струја. Дури и келнерите запреа и ги начулија ушите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А белезицата!? Сепак, ќе беше многу посреќен, дури и овде, во ќелијава, да не ја видеше таа белезица на раката на секретарката Ботка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не беше сигурен дека ќе го употреби жилетот, дури и ако му се укаже можност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Роден во Мека и Медина, исламот се прошири до Вавилонија на исток, до Алжир и Тунис на запад, па дури и до Виена на север.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа е „старежот“, тоа е бит-пазарот на „Капали“, каде што се продава сѐ, дури и отпадоци - ѓубре, па се чини дека може да се тргува и со „ништо“ и тоа да се печали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вакво признание до пред пар години беше незамисливо дури и за најпровокативните уметници, бидејќи искажува недистанцирано кокетирање со етичка игноранција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Привиденијава висеа и покрај ѕидовите; или неочекувано ќе се појавеа на премините; а напати ќе се здадеа од подотворените врати и на чуден начин ќе ги извиваа долгите вратови заемени од некои непознати видови животни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и на приказна се сети само за да ни ја откриеш својата неприкосновеност, својата разумност!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Точно е, јас сум неговиот професор и имам задача да поставувам прашања и ништо повеќе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и кога по многу силна кавга стануваш со стиснати заби, а ликот во огледалото ти подзаличува на крвожедна ѕверка подготвена за борба до смрт, со облог, имаш судии, порота и „запамтувач“, кој не запишува, ама од прераскажување низ маало со пет кафиња, од повторување, кавгата ја знае напамет, како стихотворба во петто, секоја реплика и реплика на репликата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Казната на џезата, на тој див закон (отсекогаш право на неколцина старци) да се глоби, дури и да се тепа и да се претепува виновникот па и со негова крв да се мие срамотата што му тежи на селото, ја зел во свои раце Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас некого запамтив, па дури и сега гледам смеа и подбив во некои очи и нека бидат сигурни дека ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки, а можеби, дури и многу строги.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Та дури и на Сула му закачи „Суло ефенди".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од случајот на Б.Н. може да се заклучи дека дури и во државните институции, правата на работниците систематски се кршат, и истите се добиваат само по пат на судски спорови!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На дваесет и четири не се „лежи“. Побарав уште една карта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој капитал ќе можиме тука или Србија, па дури и Истанбул да го инвестираме.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па дури и да немаше ништо повеќе од она што го виде тој - и сѐ додека е жива тој нема да може да се сеќава на тој момент без болка; болка која ќе му го кине срцето - сепак она што го виде беше многу повеќе од она што воопшто можеше да прифати, да опрости или да заборави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На овие пазари најмногу имаше овошје, а се продаваа и јагоди, па дури и малини, одгледувани под стакларници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пукнат е лустерот! Понекогаш дури и пред да го погледаат гостите, брзаше да ги предупреди: Пукнат е лустерот!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На угорницата кон ПМФ одамна никој не видел манијак, дури и тие се отуѓија од природата и од високото образование.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
„Нема мајсторија без алат“ рече Влатко, свесен дека кажува нешто многу важно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некои психоделичното сликарство го споредуваат дури и со творештвото на Кле, Блејк, Бројгел и Хиеронимус Бош, уметници кој поседувале таканаречен психоделичен сензибилитет, црпејќи ги своите инспирации и содржини од истите предели на несвесното, но без употреба на дрога, што значи дека до креативното несвесно може да се допре и по други, помалку опасни патишта. 154 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некогаш дури и несвесно, за да прикриеме некое свое малечко лошо дело, за да скриеме што не сакаме други да знаат, да се направиме важни и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дури и го почувствувал мирисот на оние треви со чиј мелем се ублажувале изгореници на кожата со име волчо срце или така некако, волчи јазик, волчи трн, облипиха во јазикот на руските трговци и војувачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Необична дури и возбудлива ми се чинеше атмосферата во бурекџилницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев осуден и морав да се спуштам во таканаречениот Безизлез без право дури и да размислувам за посебностите на тој мој затвор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И наместо да е страшно, бидејќи е ноќ во паркот, прекрасно е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тивката јасна и свежа есенска ноќ даваше можност да се слушнат и петлите како пеат во Маково, Рапеш, Чаништа, та дури и тие од преку река во Бзовиќ и Старавина и на големо нивно изненадување, сега се слушна аскерската бурија не од Маково, туку од Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си наликуваме еден на друг дури и во молкот... Ти молчиш оттаму, јас одваму... Тишина..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
На времето, ние ја однесовме Мила дури и кај Чанга. Беше како наша коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш сфатив: и да се насмеев, и да заплачев, дури и да бев смислил некој циркуски трик, сѐ тоа ќе поминеше незабележано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и тие личности што се во центарот на настанот, не можат многу прецизно да го откријат истиот и да го одгонетнат во вистинска светлина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во еден период беше и сталинист. Дури и напишал ода за Сталин?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проверките што ги направија по официјални канали навеаја извесност дека Цви не е во Једи-куле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оттука и бесмисленоста на сите прашања околу некакви намери што се труди да ми ги прикачи иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Добро си се решила. Сестра ми и зетот велат дека нас најмногу нѐ сакаш, па дури и не ти текнува да дојдеш кај нив. А и сваќата не си ја видела од свадбата.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дури и кога е сам, никогаш не може да биде сигурен дека е сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги научи навиките, дури и слабостите на секого и се поставуваше така како што тоа беше најдобро за интересите на семејството.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но Привидот не се тргнува. Напротив, тој сега дури и ми довикнува: „Прибери си ја раката!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И стражарите исто така се однесуваа спрема криминалците со извесна воздржаност, дури и кога мораа да употребат сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе 1932-та тој напиша во предговорот за својата втора по важност есеистичка книга, Расправа, еден лапидарен став: “животот и смртта му недостасуваа на мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му падна на ум дека тој човек цел живот игра една улога и дека чувствува оти би било опасно дури и за миг да се откаже од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе како тих шепот на недоумица, исчудување па дури и сожалување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па дури и сивата карпа, на која славејчето никогаш порано не беше слетало, го погледна намуртено и не му дозволи да слета на неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сепак потајно ме сопнуваа. Дури и на дребулии.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Фрчат пари од сите страни Се прашувам можно ли е оваа држава да е толку поштена? Дури и наивна.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дури и слушнав како вели дека дури сега се чувствувала многу комотно. Во тоа бев сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да. Треба да внимавате. Внимавајте дури и тогаш кога сакате да мислите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако ѝ се поверува на последната прикаска како на неоспорна вистина, случајот со коњот што љубел вино е сосема поинаков, речиси дури и понеобичен отколку во другите раскажувања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мајка ми беше добродушна жена и немаше сили (ниту сметаше дека ѝ е дозволено јавно да го проценува однесувањето на татко ми) да се спротистави на инаетот на татако ми, така што таа секогаш тој негов инает го поддржуваше, не како инает, туку како негово право, па дури и правда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури и при самата помисла, дека би можел да се послужам со итрина, се чувствував загрозен“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оттаму и мојата додатна согласност на погребот да присуствуа секој што ќе пројави желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога дојде забраната да се чуваат козите, а уште не стана извршна, ние ги водевме козите насекаде, дури и на училиште.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Велеше дека овде, ако се негуваат добро, можат дури и палми да никнат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но токму сентименталноста знае да ја поттикне избрзаната реакција која по правило е предводена од непромисленоста па дури и глупоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, и помеѓу тие тешки времиња можело да се зачнат и необични нешта, па дури и копиле!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За тој ден Иван Степанович смисли дека не би пиел не затоа зашто не сака туку божем бидејќи не смее!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова дејствие, што и според мислењето на судот, е сосем нормално и очекувано за еден синдикален лидер, подоцна – во писмениот одговор на тужбата која следеше – е оквалификувано дури и како вршење „негативна пропаганда кај работниците во друштво кое е приватизирано“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како сознав? Почувствував големо задоволство, почувствував нова творечка возбуда дури и наслада од ваквиот начин на себесоопштување.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој од вас може дури и да рече: Слуга Господов а не слушнал за вампири, не слушнал за убавицата луда Мара, што пред две години во Зреновскиот вир скокна и повеќе не се врати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очигледно, дури и тој не можеше да ги сокрие возбудата и тагата, да не се заниша кога ме виде првиот пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Русата коса ѝ паѓаше по рамената покриени со сивкаста карирана кошула, а лицето ѝ беше ишарано со црвени пеги, кои можеа да се видат дури и во слабо осветлената малечка бина на Златно славејче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Работната атмосфера стана особено тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па дури и ако решиме да те оставиме да го одживееш својот природен живот, од нас сепак не ќе можеш да се спасиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа што ѝ недостигаше го купуваше на блискиот зелен пазар, а вишокот зарзават од градината им го даваше на блиските соседи со кои на есен подготвуваше туршија и друга зимница за зимскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мене дури и волот ми го испотепаа. Рече астиномот - удрете и по волот, зашто нимниот вол грцки не рика.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури и кога жената ќе изеде многу грав со него, или кога му е понизна или, како што велат овде, кога со неа минал низ оган и вода, дури и тогаш мажот е склон да го обземе лудило.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Добро, ова го велам бидејќи навистина ја познавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но нивната „физичка состојба“ беше посебна; сите тие се претворија во единствен врисок на непостоење, кој со сета силина се простираше низ нивното лешинско опстојување; непостоењето пиштеше, завиваше, лелекаше, се смееше и неочекувано се наборуваше, премирајќи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беа различно етикетирани - како остроумни, креативни, активни, полни со фантазија, иницијативни, творечки, интелигентни, инвентивни, способни, талентирани, ексцентрични. * Gene pool - сите гени што се во оптек во рамките на еден вид. (заб. на прев.) ** Секој генски пул создава сопствено име за Прометеј, опасниот генетски предводник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури и ако толку прикажуваното Братство навистина постои, сѐ уште преостануваше проблемот како да стигнат до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога ќе се разбудеше, ретко пред единаесет часот, со залепени очни капаци, со изгорена уста и со грб кој му се чинеше како да е скршен, би му било невозможно дури и да се исправи од хоризонталната положба, ако не беше шишето и шолјата за чај што стоеја покрај креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- сакав да му возвратам на Зрновски, (или му возвратив!); посакував дури и да го навредам но ниту една мисла не подзапираше за да ја здогледам докрај, за да ѝ ја измерам силата, па се џарев во Зрновски збунет и беспомоќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие не можат да ти ги променат чувствата: кога сме веќе кај тоа, ни самиот не можеш да ги промениш, дури и да сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и кога беше буден, беше сосем неподвижен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заклучокот беше пресмел, дури и ризичен за еден млад амбасадор, како што беше и моето утринско патување од Картагина до Тунис, следен од воен транспортер!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Го забележа само со едно крајче од очите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
(Дали е без значење па дури и безболно да носиш секало во скришниот џеб на душата?)“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Одвреме-навреме ќе си разменеа по некоја доверлива мисла што не можеле да си ја кажат на друго место, дури и пред најблиски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не беа парите мотивот што го гонеше, дури и да му се нудеа, не ги земаше, зашто со тоа би им дал друг потход на своите идеи, би ги урнал на друго рамниште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Постои вистина и невистина, и ако се придржуваш кон вистината, дури и наспроти сиот свет, не си луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова може дури и да се прифати, но, за среќа, не сте напишале: ги откри сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа постојано изненадуваше со нова централна тема, која имаше силна моќ да извлекува од балканската сага дури и теми каде што моите мисли се наоѓаа на распаќе на дилемите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури и да се фрли врз него во ова темничиште во кое се наоѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира, мораше да се потпира на нив, но можеше и да се одлепи, па да заплива во новите води на психоанализата (Фројд, Јунг); а особено го радуваше тоа што можеше да се врати на литературата (Достоевски), на драмата (Шекспир), па и на театарот, воопшто сцената, дури и на музиката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па дури и тогаш ѝ се чинеше дека тоа е само нејасна алузија од Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се знаеше дури и дека ова не е одмазда, уште не, туку непознато задоволство, болно задоволство, капки лимон на рана чиј бол е нужен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ви веќавам дека ќе го сторам дури и она што не ми е по силите за да ја овозможам средбата со Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога мајка ми кажуваше за татко ми како одел да ги паси овците и козите со празно торбуле мене дури и сега ми се плаче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Немаше деца иако имаше тело кое, помислуваше Јаков секогаш кога ќе ја видеше подготвена за љубов, дури и под долгата бела ноќница што сега ја носи, повикуваше на бескрајни оплодувања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Под „други начини на справување“, таа го наведува спогодбениот начин на 245 решавање на споровите како убедливо најефективен, поефика- сен и мошне евтин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај еден член на Партија, од друга страна, не може да биде толерирано ни најмало скршнување во ставот, дури и за најневажни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преживеаја уште една зима. Сета е озарена. Дури и плеснува со рацете.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му растела на светецот тртката на носот, му растело и мешето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и фасадата на куќата веќе беше во распаѓање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може да биде шаховска па дури и билјард маса. Но сега е најобична зелена пинг-понг маса.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Еднаш Сандо и лично слушнал како обвинетиот и се обраќа по име.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и црвеникавата коса, кусо потстрижена, му беше напрчена.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше дури и еврејски сефардски семејства, имаше едно ерменско семејство на музичари, имаше и едно руско семејство, спасено од Октомвриската револуција, имаше неколку турски семејства, имаше не­колку семејства од Егејска Македонија, тука беше нашето албанско семејство, среде многубројното македонско население, во оваа мала Козарска република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А да не ти раскажувам какви сѐ предавства се сторија во оние денови на револуцијата кога за да се купи малку сочувство од некој милозлив товаришч или од некого од спротивната страна се продаваше дури и честа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Исто така настана од Борхесовото согледување на сопствениот живот како живот во кој немало никаква драма вредна за бележење или коментирање, барем не за потребите на прозата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или дека свеќи треба да купи од тебе, малку се скапи, ама се волшебни и димот од нив удира баш во правец на несреќата и лечи сѐ, од настин, кашлица и грип до бактерија, туберкулоза и рак, заедно со сите пороци, па дури и зависност од цигари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По една своја воздишка на грижа, челникот можел да процени дека познавачот на треви е болен и се сетил дека така исто бил црн и Симон Наконтик дури и по смртта и го побарал другиот тревар, го нашол и го прашал навистина ли од чумата или од улерата се поцрнува пред умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Надвор, дури и преку затворениот прозорец, светот изгледаше студено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако имаш забрана, повторно можеш да измислиш обврски од типот дополнителни часови по некој предмет и ревносно да ги посетуваш, па кога еднаш нема да излезеш, дури и мајка ти, која ти води евиденција на движење со минутажа, да те потсети дека ќе пропуштиш важно предавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Откако ја голтна бабата, волкот облече ноќница и си ја стави нејзината капа“, ха ха, каква травестија, боже, и тоа тројна, сексуална, зоолошка, дури и генерациска.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дури и самото влегување во едно вакво место бараше голем нервен напор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и кога би постоело легендарното Братство, што беше малку веројатно, беше незамисливо дека неговите членови би можеле некогаш да се состанат во поголем број отколку во двојки или во тројки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На кејот повторно има рибари, дури и по некој точак.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од слеп сиромав, манастирски ѓак, се најаде првин леб, со лебот побара сиренце, мавца, сланинка. Му текна дури и за мазниче — зелниче, та дотера дури до алва. Оти пак да не тера човекот?!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и по големите потреси и навидум неотповикливите промени, секогаш се обновувал истиот модел, исто како што и жироскопот секогаш се враќа во состојба на рамнотежа, без разлика колку силно ќе биде турнат на една или на друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Голдштајн го изговараше својот вообичаен отровен напад врз доктрините на Партијата - напад толку изнасилен и перверзен, што дури и дете можеше да го проѕре, а сепак доволно веројатен за да го исполни слушателот со неспокојно чувство дека другите луѓе, на пониско ниво од него самиот, би можеле да му поверуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
9 С. Жижек, Метастазе уживања, Београд 1996, стр. 116. 10 M. Maloney, „The Chapman Bros.“, Flash Art, 1-2 1996, стр. 64. 178 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеше убаво да ги уочи подготвените улоги, дури и кај членовите на семејството, да извлечат што повеќе од старицата од другата страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Верувам дека од никаде, ама баш од глувотијата на оваа мирна улица се појави брат ми, рус и висок, во фармерки и кожена винтјага, и непоканет почна да зборува, неконтролирано мавташе со рацете, се закануваше, караше; за пет минути колку што ломотеше сигурен сум дека сѐ ми извади низ нос, па дури и сендвичот што набрзина го имав излапано во гадното шинобусиште.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и лисјата на дрвата станаа како гробовски суштини. Мртовчето тапкаше со нога.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но вие сте повиканите што одредуваат колку се снаоѓам во оваа улога?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и милијардерот Кисинџер ќе ви продава муда за бубрези и пат до успех на кој само лековерни шутраци би можеле да поверуваат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, беше подготвен за секакво жртвување, дури и на животот доколку беше загрозен оној на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби дури и влогот е економијата сама, како и граница за секоја формализација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од своето камено гнездо, колку куќа толку кула, без жени и без слуги но со белези што го покажуваат дури и умирањето на бигорот, Селџик-бег ја пречекал мулазимовата заповед со крвави очи и со пушка в раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја замолила сестрата Стојна Гроздева да ѝ ги купи тие ленти во градот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На плеќите носеше нарамена раница од телешка кожа, во рацете дебел боров бастун — тукашно производство, дури и недокастрен, со неколку чатали.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и печката гореше некако без шум, иако беше целата усвитена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во овој момент, меѓутоа, дури и монологот беше пресушил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сигурно сите спијат во тоа глуво доба, дури и стражите, ако воопшто поставиле некого – оние од другата страна секогаш спиеја мирно ноќе, а пукаа дење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури и она белузлаво зрнце прав врз корицата на неговиот дневник, тие внимателно го вратиле назад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш дури и ја сонував таа рака, и во сонот ја подавав својата рака кон неа, и мојата рака удираше во ѕидот па се будев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Попот и Васил му раскажаа од почеток до крај, Анѓа ги дополни за зулумите од прилепскиот кадија со своето ропство кај него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И дури другите денови го караше, дури и тепаше што се извалкал многу по реката, та не може да му ги пере парталите, вечерва го покани да вечера веднаш, бидејќи виде дека лебот и сиренцето ги вратил негибнати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Е, кога Голем Тодор и тајфата музичари и песнопојци ја испеале првата песна под прозорецот на Рајна, пресреќна таа и на чардакот ги поканила, ги нагостила, па дури и новите чевли си ги клала и прошетала на топуци пред нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и во полиција се јавуваше да прашува дали се случила некоја сообраќајка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и владите што отпрвин ја симпатизираа нивната кауза се принудени, поради тие атентати, да се откажат од тоа и да се присоединат кон сите други влади што сакаат обновување на мирот, за да го советуваат Турчинот да го задуши што поскоро тоа востание кое дегенерира во анархизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прилеп го заменија со Саботско и Воден и таму одеа на пазар колку за сол, та дури и по верските прашања се префрлија на мегленскиот владика.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Винстон не можеше да биде сигурен - дури и по средбата на нивните погледи тоа утро беше невозможно да биде сигурен - дали О'Брајан е пријател или непријател.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и во очите на двете омажени сестри на Даниел, во кои на почетокот откри студени критички погледи и процени за нејзината вредност, сега почна да гледа топлина и симпатија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Кому му го продаде столчето? - праша Остап со ѕвонлив шепот. Овде Паша Емиљевич, имајќи натприродни сетила, сфати дека сега ќе го тепаат, можеби дури и со нозе ќе го газат. - На прекупец, - одговори тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури и овие пари, Марија беше убедена, ги испратил без тие да разберат. Неговите родители.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Завладеа дивиот терор... Жандармерија и подвижни воени одреди тесно соработуваат дури и со бандите на поранешните соработници на окупаторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А беше таква темнина што можело да се случи мангупот да се послужи дури и со моето име?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Велеа дека не само што ѝ ја „откинала“ главата, туку и ставата, одот, дури и гласот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ами ако навистина ја заболи забот, си мислев јас застанат над бунарот, ако заради тоа, место една, испијат по две, или по три, или дури и по четири, тогаш дали Јован утре ќе биде кадарен да дојде и да копа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше безнадежно, секој дел од неговото тело, дури и главата, му беа цврсто стегнати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вака, потсушено може да трае дури и за в година, ако не го „сомелат" пролетва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го запревме дури и дишењето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и при употребата на зборот „ двомисла“ треба да се применува двомислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фустаните беа толку погодени што можев да ги однесам в град и на нив добро да заработам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и денес, во периодот на назадување, просечното човечко суштество физички и понатаму е во подобра ситуација отколку што било пред неколку века.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Штооооооо ееееееее! - како да запеа Ане. - Доаѓај бргу дома! - тоа беше гласот на мајка ѝ. - Уште малку! - викна Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога удри вечерта на караулот на крајот на Полчишта не се изненади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и идентитетот на Рози беше соединет со невестата на неговиот предок, и тоа беше нејзиниот дух кој го заштитуваше од гневот на реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Мене ме чудат вашите беспредметни обвинувања, - забележа Паша Емиљевич, кој силно мирисаше на пенливите струи. 178 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од прозорчето можеше да се опфати речиси целата просторија; дури и подиумот на кој беа сместени музичарите со излаштени инструменти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа, ова имплицира дека било кој разговор ќе помогне.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговите пријателства, неговите забави, неговото однесување со жена му и со децата, изразот на неговото лице кога е сам, зборовите што ги изговара в сон, дури и карактеристичните движења на телото, љубоморно се испитуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)