real - онтологија

асли повеќе

Вид збор: Придавка
вистински, прав
Турски: asılı
Употреба: Разговорно
Примери:
Се покажа асли човек.

божји повеќе

божји
Вид збор: Придавка
За потсилување на значењето на именката со која стои.
Примери:
страотии божји

вистински повеќе

вистинска
Вид збор: Придавка
Што постои, што е реален.
Албански: real
Примери:
вистинско злато

дејствителен повеќе

дејствителниот
Вид збор: Придавка
Што го има, што постои во стварноста.
Примери:
Се прости од дома како да тргнува на дејствителна војна.

жив повеќе

живи
Вид збор: Придавка
вистински, дејствителен
Албански: real
Примери:
жива дејствителност
Што е силно доживеано, силно изразено (во зборовни состави со именка).
Албански: e madhe
Примери:
жива срамота

најаве повеќе

Вид збор: Прилог
Не на сон, во стварноста.
Примери:
Го сонувам или најаве го слушам?

реал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Стара шпанска сребрена и бакарна монета; сребрена монета во Португалија, Бразил и Мексико.
Албански: real
Употреба: Економија , Историја

реален повеќе

реални
Вид збор: Придавка
Кој суштествува во стварноста, кој не е вообразен.
Примери:
Реалниот свет.
Заснован врз сфаќањето на вистинските услови на стварноста.
Примери:
Реална политика.
Кој може да се оствари.
Примери:
Реален план.

реално повеќе

Вид збор: Прилог
реален

саи повеќе

Вид збор: Прилог
вистина, навистина
Турски: sahi
Употреба: Архаизам

стварен повеќе

стварни
Вид збор: Придавка
Што постои независно од човекот и неговото сознание.
Употреба: Правда
Примери:
стварен свет

сушт повеќе

сушти
Вид збор: Придавка
несомнен, вистински, прав
Примери:
сушта вистина