abstract - онтологија

апстракт повеќе

мн. апстракти
Вид збор: Именка, машки род
Кус извадок од некој текст, расправа, студија.
Албански: abstrakt, përmbledhje

апстрактен повеќе

апстрактниот
Вид збор: Придавка
Што потекнува од апстракција, замислен. обопштен; што постои само како поим.
Примери:
апстрактен поим

апстрахира повеќе

апстрахираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Оддели, одделува, издвои, издвојува; групира одделно за да се добие заклучок за нешто, оттргне, оттргнува нешто од целост.
Албански: veçoj
Примери:
Тој ги апстрахираше примерите кои ја потврдуваат оваа појава.
(се апстрахира) Се оддели, се одделува, се издвои, се издвојува.
Албански: veçoj
Примери:
Можеби би било најдобро од соодветните забелешки да се апстрахираат определени значења.

мислен повеќе

мислениот
Вид збор: Придавка
Што е резултат на миcлење.
Примери:
мислен израз