accent - онтологија

акцент повеќе

мн. акценти
Вид збор: Именка, машки род
Гласовно истакнување на определен слог или збор.
Албански: theks
Употреба: Лингвистика
Примери:
Акцентот е на третиот слог од крајот на зборот.
Знак за обележување на нагласувањето.
Албански: theks
Употреба: Лингвистика
Примери:
Сите туѓи зборови имаат обележен акцент во текстот.
Истакнување на нешто во споредба со нешто друго.
Албански: theks
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во овој труд акцентот е врз синхронијата.

нагласка повеќе

мн. нагласки
Вид збор: Именка, женски род
Нагласување, истакнување, давање важност, давање предност на нешто.
Примери:
Авторот посебна нагласка стави на проблемот на сиромаштијата.