adapt - онтологија

адаптира повеќе

адаптираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Приспособи, приспособува за определена функција, намена.
Албански: adapton
Примери:
Тој го адаптира станот во работна просторија.
Приспособи, приспособува кон определена средина или кон определени животни услови.
Албански: adapton
Примери:
Иселениците многу бргу се адаптираа во Новиот Свет.
Преработи едно книжевно или музичко дело за изведба на нов начин или во нов медиум.
Албански: adapton
Примери:
Симфонијата ја адаптираа за џез изведба.
(се адаптира) се приспособи, се приспособува
Албански: adapton
Примери:
Кучето се адаптира за еден месец.

акомодира повеќе

(се) акомодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се приспособи, се приспособува кон нешто.

навикне повеќе

навикнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се навикне) Се свикне, се привикне на нешто, на некого.
Албански: përshtat
Примери:
Се навикна на ред.

поднавикне повеќе

Види и: навикне (св.)
поднавикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Навикне некого на нешто малку, донекаде.
Албански: mësoj
Примери:
Во домот го поднавикнале на ред и дисциплина.
Навикне на нешто малку, донекаде.
Албански: mësoj
Примери:
Тој во туѓина едвај поднавикнал на новата средина.
(се поднавикне) Се навине на нешто, малку, донекаде.
Албански: mësoj
Примери:
Се поднавикнавме некако на теснотијата во малото станче.

попривикне повеќе

Види и: привикне (св.)
попривикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Привикне, навикне малку себе или некого на нешто.
Примери:
Подоцна тој попривикна на новата средина.
(се попривикне) Се привикне, се навикне малку, донекаде.

препее повеќе

препеат
Вид збор: Глагол, свршен
Преведе во стихови некое поетско дело.
Албански: përkthej vepër poetike,
Примери:
Ја препеа поемата од латински.

привикне повеќе

привикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Свикне, се приспособи кон некого или нешто.
Албански: adapton
Примери:
Тој привикна на селскиот живот.

приспособи повеќе

приспособат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде погодно, удобно за нешто.
Албански: adaptoj, përshtat
Примери:
Тој го приспособи станот за студентското живеење.
(се приспособи) Се навикне на нешто.
Албански: përshtatem, adaptohem
Примери:
Се приспособија на друга клима.

свикне повеќе

свикнат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Добие навик, се приспособи кон некој или нешто.
Примери:
Свикна веќе на новата средина.

свикнува повеќе

Види и: свикне (св.)
(се) свикнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) свикне

скалапи повеќе

скалапат
Вид збор: Глагол, свршен
(се скалапи) Влезе во калап, во утврден образец.
Албански: adaptoj

соживее повеќе

(се) соживеат
Вид збор: Глагол, свршен
свикне, се здружи
Албански: adaptoj, përshtatem
Примери:
Се соживеа со младинците.

соживи повеќе

Види и: оживи (св.)
соживат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) соживее
Албански: adaptoj
Примери:
Се соживи со населението.

соживува повеќе

(се) соживуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) соживее
Албански: adaptohem
Примери:
Брзо се соживува со средината.

сообрази повеќе

сообразат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сообрази) се прилагодува, се ускладува, поведе сметка.
Албански: përshtat
Употреба: Книжевен збор
Остапи во согласност со нешто.
Албански: përshtat
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Грешката негова беше во тоа што не се сообрази со нивните желби.

учи повеќе

учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се учи) Се навикнува на нешто.
Албански: mësohet, adaptohet
Примери:
Се учам на студ.