additive - онтологија

адитив повеќе

мн. адитиви
Вид збор: Именка, машки род
Додаток, обично за подобрување на квалитетот на некои производи.
Примери:
Брашното е без адитиви.

додаток повеќе

мн. додатоци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се дава кон нешто за да го дополни, да го подобри и сл.
Албански: shtojcë
Примери:
Како додаток во јадењето се ставаат неколку зачини.

примеса повеќе

мн. примеси
Вид збор: Именка, женски род
Материја што е додадена, смешана во друга.
Албански: shtesë
Примери:
Нивната ароганција е засилена со националистички примеси.
Тоа што е додадено кон нешто, а што се изделува од него по својата природа.
Албански: shtesë
Примери:
Неговиот говор е со примеси на изрази од црковниот јазик.