advise - онтологија

зборува повеќе

зборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Убедува некого, дава совет.
Албански: këshilloj
Примери:
Му зборуваа сите, но тој остануваше на своето.

посоветува повеќе

посоветуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде совет некому.
Албански: këshilloj
Примери:
Кога ја слушаше таа негова фалба, се обида да го посоветува да биде поскромен.

препорача повеќе

препорачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому совет, посоветува.
Албански: këshilloj
Примери:
Ти препорачав да не се мешаш во тие работи.

советува повеќе

советуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава некаков совет.
Албански: këshilloj
Примери:
Го советуваа како да постапи.

упати повеќе

упатат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже како да се работи нешто, даде упатство.
Албански: udhëzoj, këshilloj
Примери:
Јас постапив онака како што ме упати ти.

учи повеќе

учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(со предмет) поучува, советува, упатува
Албански: mësoj, këshilloj
Примери:
Учи ме, мајко, карај ме.