age - онтологија

возрасен повеќе

возрасни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на возраст.
Примери:
Зголемување на возрасната граница за пензионирање.

возраст повеќе

мн. возрасти
Вид збор: Именка, женски род
Временски период од животот, од развојот на човекот.
Албански: moshë
Примери:
најрана возраст
Број на години од раѓањето на човекот или создавањето на нешто до определен момент.
Албански: moshë
Примери:
Бевме на иста возраст со него.

врст повеќе

мн. врсти
Вид збор: Именка, женски род
Години на старост, возраст.
Примери:
Децата беа на онаа врст кога ги седнуваат на трпеза.

година повеќе

мн. години
Вид збор: Именка, женски род
возраст
Албански: moshë
Примери:
На тие години човек многу не размислува.

годиште повеќе

мн. годишта
Вид збор: Именка, среден род
година, старост
Примери:
Во првата цифра на своето годиште ја имаат двојката.

доба повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
возраст, старост
Албански: moshë
Примери:
Сега тие се во онаа доба кога силата ги напушта.

застари повеќе

застарат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да старее.
Албански: plakem
Примери:
Тој веќе застаре, ослабе многу.

поостари повеќе

Види и: остари (св.)
поостарат
Вид збор: Глагол, свршен
За предмет - излезе од употреба, оветви, застари.
Албански: vjetrohet

пора повеќе

мн. пори
Вид збор: Именка, женски род
врст, возраст
Албански: moshë
Употреба: Дијалектен збор