already - онтологија

веќе повеќе

Вид збор: Прилог
Укажува на моментот на извршување на дејството - дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето.
Албански: tashmë
Примери:
Веќе сум готов.
Укажува на извршено дејство пред моментот на говорењето или упатува на претходниот контекст.
Примери:
Веќе се имаме договорено за тоа.
За потсилување - го истакнува траењето на дејството.
Примери:
Веќе три години работи таму.