мн. амплитуди
Вид збор: Именка, женски род
Најголема оддалеченост од положбата на рамнотежа при нишање, најголема вредност што ја достигнува некоја величина што е подложена на периодични промени.
Примери:
Зголемување на амплитудата на движењата.
замав, растојание, колебање
Примери:
Широка амплитуда на психолошки искушенија.