and - онтологија

а повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени.
Примери:
Под селото растат големи столетни дабови, а над селото се протега голема букова гора.
За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински.
Примери:
Таа не дојде, а тоа беше вистинска навреда.

да повеќе

Вид збор: Сврзник
Во условно-допусни зависносложени реченици (заедно со и).
Примери:
И да не дојдеш со нас, нема да ти се налутиме.
Во реченици кога второто дејство произлегува од првото (па, та).
Употреба: Архаизам
Примери:
Таа не дојде, да затоа не сторивме ништо.

ем повеќе

Вид збор: Сврзник
Составен, копулативен; и, притоа.
Турски: hem
Употреба: Разговорно
Примери:
Патот беше долг ем тежок.

и повеќе

Вид збор: Сврзник
Координациски, составен (копулативен) за поврзување делови со истореден однос. За поврзување зборови, зборовни состави со исто, со слично или со различно значење меѓу кои се воспоставил однос на надоврзување.
Примери:
млади и убави девојки
За поврзување на последниот член при набројување.
Примери:
Во кошницата имаше краставици, пиперки, домати и моркови.
Пред набројување, заедно со „тоа“
Примери:
Проектот предвидуваше уште неколку видови дејност, и тоа: - организирање меѓународен собир, трибини на определени теми...
При набројување кога се дава како последен дел, заедно со: „друго“ (и др.), „слично“ (и сл.) „така натаму“ (итн.)
Примери:
Сакам да си купам патики, блуза, џемпер, палто и сл.
За поврзување на последниот член од сложени броеви.
Примери:
Сто педесет и два.
За поврзување делови за да се искаже сеопфатност.
Примери:
По победата, и младо и старо излезе на улица.
Врзува зборови и синтагми при набројување за да се потсили и да се истакне нешто.
Примери:
Среде плоштадот толпа, и жени, и деца, и музика, и пејачи, и глумци, и сѐ и сешто.
За поврзување реченици, многукратно употребен, појавувајќи се како врска меѓу сите дел-реченици освен во првата (полисиндетон).
Примери:
Ние останавме до утрото, виното го испивме и песните ги испеавме, и јадењето го изедовме, и игрите ги изигравме.
Разделен, повторен, за поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе, ем...ем.
Примери:
И парите ги дадовме и гладни останавме.
За поврзување реченици што претставуваат единство или на некој начин се согласуваат.
Примери:
Јас и Игор сме браќа.
За поврзување еднократни и повторливи дејства кои може да се случуваат и последователно.
Примери:
Таа седеше и читаше со часови.
(и ако) За воведување и поврзување дел-реченица во состав на зависносложена допусна реченица.
Примери:
Нема да жалам и ако умрам сега.
За поврзување дел-реченици во состав на неколку зависносложени реченици.
Примери:
Ќе дојдам ако се ослободам од обврските и ако најдам превоз.
Со лексички конкретизатори за да се засили составната врска заедно со: „притоа“, „уште“, „кон тоа“, „освен тоа“ и сл.
Примери:
Тој го создаваше своето животно дело и притоа не очекуваше пофалби.
За воспоставување причинско-последичен однос, со анафорска употреба на: „затоа“, „поради тоа“ и сл.
Примери:
Тие многу ме пофалија и затоа сум многу среќен.
Да најави спротивно од очекуваното, заедно со: „пак“, „сепак“.
Примери:
Тој цел ден се смее и пак не чини.
Во составот на сврзничкиот спој на дистанција (не само...а (ами, туку, но) и ...) со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Примери:
Тие не само што се развеселија туку и заиграа.
Самостојно, во разговорниот јазик, со очекување да продолжи со зборувањето.
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа дојде кај мене. - И?
На почетокот на реченица, обично во разговорниот јазик, како знак дека мислата продолжува.
Употреба: Разговорно
Примери:
Едно време си бил еден цар, и имал големо царство, и многу сакал деца, и...

плус повеќе

Види и: плус (м.)
Вид збор: Сврзник
и
Албански: dhe
Примери:
Осум плус три се единаесет.

та повеќе

Вид збор: Сврзник
При сврзување глаголи со последователност на дејствата.
Примери:
Едно пиле идеше, та му велеше.
та... та...
Примери:
Та ова, та она.