angry - онтологија

возлен повеќе

возлениот
Вид збор: Придавка
Што е лут, гневен.
Примери:
Возлен глас.

воспален повеќе

воспалениот
Вид збор: Придавка
раздразнет, лут
Примери:
Воспален до крв.

гневен повеќе

гневниот
Вид збор: Придавка
Што е исполнет со гнев, што чувствува гнев кон некого.
Примери:
Беше гневен на сите.

гневлив повеќе

гневливиот
Вид збор: Придавка
Што често се разгневува, што е склон кон гнев.
Примери:
Газдата беше гневлив и често им правеше непријатности на вработените.

јаден повеќе

јадниот
Вид збор: Придавка
Исполнет со јад.
Употреба: Архаизам , Ретко
Примери:
Му назборувала тешки, јадни зборови.

јадовит повеќе

јадовитиот
Вид збор: Придавка
Исполнет со јад.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Неговата забелешка беше јадовита.

јадосан повеќе

јадосаниот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Исполнет со јад.
Примери:
Тој е јадосан од неправдата што му ја нанесоа.
Исполнет со јад.
Примери:
Неговото јадосано срце чукаше силно.

лут повеќе

лути
Вид збор: Придавка
Силно гневен, раздразнет, налутен.
Албански: i zemëruar, i inatosur, i hidhëruar
Примери:
Си идел дома лут.

луто повеќе

Вид збор: Прилог
Со лутина, налутено, гневно.
Примери:
Луто му зборува.

надуен повеќе

надуениот
Вид збор: Придавка
намуртен, налутен

надурен повеќе

надурени
Вид збор: Придавка
нерасположен, смрачен, смуртен

остар повеќе

остри
Вид збор: Придавка
Што е полн со лутина.
Примери:
остар јазик

срдит повеќе

срдита
Вид збор: Придавка
Кој е опфатен од гнев, од лутина.
Примери:
Срдит човек.