archive - онтологија

архив повеќе

мн. архиви
Вид збор: Именка, машки род
Установа каде што се примаат, се проучуваат и се чуваат стари документи.
Примери:
Архив на Македонија.

архива повеќе

мн. архиви
Вид збор: Именка, женски род
Одделение, служба во претпријатие или установа што работи со документи, акти, списи и сл.
Албански: arkivë
Собрани документи подредени по определен ред за определена установа или личност.
Албански: arkivë
Примери:
Цела недела бараше во семејната архива, но ништо не најде.

архивира повеќе

архивираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подреди, подредува, складира и чува документи, списи, акти и слични пишани материјали во определена установа за натамошно проучување и потврдување.
Примери:
Цела недела службата ги архивираше документите.

писарница повеќе

мн. писарници
Вид збор: Именка, женски род
Служба каде што се предаваат или подигаат документи.
Примери:
Пријавите може да се достават по пошта или лично во писарницата на Министерството.