argument - онтологија

аргумент повеќе

мн. аргументи
Вид збор: Именка, машки род
Доказ, образложение, тоа со кое може да се докаже нешто.
Албански: argument
Примери:
Во случај на спор, неговото присуство е најсилниот аргумент.

двобој повеќе

мн. двобои
Вид збор: Именка, машки род
полемика, расправа
Албански: argument
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми претстои сериозен двобој за Балзак и Толстој.

несогласица повеќе

мн. несогласици
Вид збор: Именка, женски род
Остра размена на зборови.
Албански: mospajtim
Примери:
При решавањето на прашањето дојде до големи несогласици.

објаснување повеќе

мн. објаснувања
Вид збор: Именка, среден род
расправија, препирка
Албански: argument
Примери:
Тој беше сведок на објаснувањето меѓу нив.