arm - онтологија

вооружи повеќе

вооружат
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди некого со воени средства, со оружје.
Албански: armatos
Употреба: Воен термин
Примери:
Беше празнично облечен и вооружен.
(се вооружи) Се снабди со оружје.
Албански: armatos
Примери:
Народот се вооружи против непријателите.

крак повеќе

мн. краци
Вид збор: Именка, машки род
Издолжен дел од телото на некои животни (медуза, октопод, рак).
Албански: krah
Употреба: Зоологија
Дел што се одвојува од нешто (железничка линија, река, одвод) и продолжува во друг правец.
Албански: degëzim, krah
Примери:
Реката се делеше на два крака.

наоружа повеќе

наоружаат
Вид збор: Глагол, свршен
дотера, уреди
Албански: rregulloj, ndreqem
Употреба: Архаизам
Примери:
Коњот го наоружа.
вооружи
Албански: armatos
(се наоружа) се дотера, се уреди
Албански: rregullohem, ndreqem
Употреба: Архаизам
(се наоружа) се вооружи
Албански: armatosem

обружа повеќе

обружаат
Вид збор: Глагол, свршен
Опреми со оружје, вооружи некого.
Албански: armatos
Употреба: Архаизам
Примери:
Новодојдените во четата ги обружаа со пушки берданки.
(се обружа) Се опреми со оружје, се вооружи.
Албански: armatosem
Употреба: Архаизам
Примери:
Селаните се обружаа со пиштоли.

ракав повеќе

мн. ракави
Вид збор: Именка, машки род
Дел од река што се одделува од главниот тек.
Албански: degë
Употреба: Географија
Примери:
На бреговите на Нил и на неговите ракави.