attach - онтологија

врзе повеќе

врзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се врзе) Се приврзе за нешто.
Албански: lidhem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Децата се врзаа за домот.

долепи повеќе

Види и: лепи (несв.)
долепат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде нешто со лепење.
Албански: ngjet edhe ca
Примери:
Долепив уште неколку слики во албумот.

надоврзе повеќе

надоврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Со врзување спои.
Албански: shtoj, lidhë
Примери:
Го надоврза јажето за да стигне.

приврзе повеќе

приврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Придобие некого.
Албански: lidh, afron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Синот се приврзал за пријателката.

придаде повеќе

придадат
Вид збор: Глагол, свршен
Нададе, продолжи нешто.
Албански: shtoj, bashkangjes
Примери:
Ја придаде врвката и го врза пакетот.
Припише смисла, значење, важност.
Албански: shtoj, bashkangjes
Примери:
На последните зборови им придаде особено значење, важност.

приклучи повеќе

приклучат
Вид збор: Глагол, свршен
Со спојување, поврзување стави нешто во употреба.
Албански: bashkangjit
Примери:
Парното го приклучи на градска топлификација.

прилепи повеќе

прилепат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому прекар, припише некому некаква особеност, постапка.
Албански: bashkangjit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не знаеше кој му го прилепи тој прекар.

приложи повеќе

приложат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде, дополни, приклучи нешто.
Албански: shtoj, bashkangjes
Употреба: Административен термин
Примери:
Тој ги приложи сите потребни документи.

пришие повеќе

пришијат
Вид збор: Глагол, свршен
Измисли, додаде нешто негативно некому.
Албански: vesh, ngjes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во намера убиството да му го пришијат нему.