attraction - онтологија

атракција повеќе

мн. атракции
Вид збор: Именка, женски род
Нешто интересно, необично, занимливо.
Албански: atraksion, tërheqje
Примери:
Неговиот мелодичен глас претставуваше атракција каде и да се појавеше.
Ефектна, интересна точка на забавна програма.
Албански: atraksion
Примери:
циркуска атракција

афинитет повеќе

мн. афинитети
Вид збор: Именка, машки род
Привлечност меѓу две лица.
Албански: joshje

интересност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
занимливост
Примери:
Играта веќе ја загуби својата интересност и им стана здодевно на сите.

магија повеќе

Види и: маѓија (ж.)
мн. магии
Вид збор: Именка, женски род
привлечност, убавина
Албански: atraksion, joshje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Имаше некоја магија во таа жена.

магнетизам повеќе

(едн.) магнетизмот
Вид збор: Именка, машки род
Привлечна сила, привлечност.
Албански: magnetizëm, tërheqje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од неговите очи извираше некој магнетизам.

маѓија повеќе

Види и: магија (ж.)
мн. маѓии
Вид збор: Именка, женски род
привлечност, убавина
Албански: joshje, atraksion
Примери:
И покрај нејзината старост, во неа сѐ уште има маѓија.