aura - онтологија

аура повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Посебно влијание, впечаток што го остава некоја личност или некое место.
Албански: atmosferë
Употреба: Разговорно
Примери:
таинствена аура
Проширување на свеста што настанува пред епилептички напад.
Албански: atmosferë, aureolë
Употреба: Медицина

нимбус повеќе

мн. нимбуси
Вид збор: Именка, машки род
Ореол на светец.
Албански: aureolë
Употреба: Црковен термин
Примери:
Сонцето е црвено јадро со нимбус портоколов сред сини облаци.

флуид повеќе

мн. флуиди
Вид збор: Именка, машки род
Според спиритистите - нешто што се излачува од човека или од предмет а тешко може поблиску да се определи.
Албански: aureolë, fluid
Употреба: Преносно значење