bang - онтологија

бабне повеќе

бабне
Вид збор: Глагол, свршен
Силно удри.
Албански: përplasë, godas fort
Примери:
Двете експлозии бабнаа одеднаш.

бубнува повеќе

бубнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Треснува, предизвикувајќи специфичен звук.
Албански: përplas
Примери:
Таму сѐ уште бубнува од време-навреме.

буфка повеќе

Види и: буфта (несв.)
(се) буфкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Треска, удира силно предизвикувајќи шум, соодветен звук.
Примери:
Тој се буфкаше на земјата.

буфта повеќе

(се) буфтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Треска, удира силно предизвикувајќи соодветен шум.
Албански: përplas
Примери:
Крај бреговите се буфтаа крупни крапови.

ждринготи повеќе

ждринготат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта силни и испрекинати звуци.
Примери:
Тие ги трескаат вратите и ждринготат со котлите.

загрми повеќе

Види и: грми (несв.)
загрмат
Вид збор: Глагол, свршен
За оружје - почне да пука, запука.
Албански: kërset
Примери:
Од сите страни загрмеа пушките.

запука повеќе

запукаат
Вид збор: Глагол, свршен
За оружје - почне да пука.
Албански: kërsas, gjuaj
Примери:
Од сите страни запукаа пушки.

затрескоти повеќе

затрескотат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да трескоти.
Примери:
Затрескоти нешто низ ходниците.

затрешти повеќе

затрештат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да трешти.
Албански: bëj zhurmë
Примери:
Затрештија митралези и бомби.
За гром, молња и сл. - удри, тресне.
Албански: krismë
Примери:
Затрешти гром.

збувта повеќе

Види и: бувта (несв.)
збувтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш почне да бувта.
Албански: kërsas
Примери:
Збувта топ.

изгрми повеќе

Види и: грми (несв.)
изгрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Пукне од пушка, викне силно како да грми.
Албански: krismë, kërset
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во истата минута изгрмеле две пушки.

испука повеќе

испукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со пукање муниција и др.
Албански: mbaroj krismën
Примери:
Ги испука сите петарди што му останаа.

клопне повеќе

клопнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, испушти клопот.
Примери:
Откако зад него клопна вратата, се огледа околу себе.

пука повеќе

пукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
При кршење добива пукнатини, проследено со пукот.
Албански: zhurmë
Примери:
Мразот полека пукаше во средината на езерото.
Експлозивно тело, мина и сл. се распрска со пукот.
Албански: zhurmë
Примери:
Цела ноќ силно пукаа гранати.

растропа повеќе

Види и: тропа (несв.)
(се) растропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно да лупа, удира.
Примери:
Кога ќе се растропаат мајсторите.

спукоти повеќе

спукотат
Вид збор: Глагол, свршен
припука
Албански: kërsas

стреска повеќе

стрескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наеднаш почне да треска.
Примери:
Стреска нешто во кујната.

треска повеќе

трескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) Прави голем шум, трескот.
Албански: zhurmë
Примери:
Треска глупости.

трескоти повеќе

трескотат
Вид збор: Глагол, несвршен
треска, праска, пука