bathe - онтологија

бања повеќе

бањаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Капе некого.
Албански: laj
Примери:
Ги бањаа малите деца.

добања повеќе

добањаат
Вид збор: Глагол, свршен
Избања, искапе некого; заврши со бањањето.
Албански: laj
Се добања, се избања.
Албански: lahem

доизбања повеќе

Види и: избања (св.)
доизбањаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се доизбања) Се избања до крај.
Албански: laj deri në fund
Примери:
Детето се доизбања самото.

доискапе повеќе

Види и: искапе (св.)
доискапат
Вид збор: Глагол, свршен
Искапе до крај, докапе.
Албански: lahem
Примери:
Се доискапав со студена вода.
(се доискапе) Се искапе до крај, заврши со капењето.
Албански: lahem
Заврши со капење.
Албански: lahem
Примери:
Стреите веќе доискапаа.

забања повеќе

Види и: бања (несв.)
забањаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бања некого.
Албански: laj, bëj banjë
Примери:
Мајката само што го забања детето, тоа почна да плаче.
Избања некого малку, набрзина.
Албански: lajë shpejt e shpejt
Примери:
Го забања набрзина.
(се забања) Почне да се бања.
Албански: lahem
Примери:
Се забања, ама не го оставија да се добања.
(се забања) Се избања малку, набрзина; се пробања.
Албански: lahem shpejt
Примери:
Се забањавме надве-натри.

закапе повеќе

закапат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да капе, да бања некого.
Албански: pikoj
Примери:
Иако плачеше, го закапа бебето, набрзина.
Искапе некого малку, набрзина.
Албански: pikoj
Примери:
Го закапа набрзина.
(се закапе) Почне да се капе.
Албански: lahet
Примери:
Се закапав во реката.
(се закапе) Се искапе малку, набрзина.
Албански: lahet
Примери:
Се закапаа надве-натри.

избања повеќе

Види и: бања (несв.)
избањаат
Вид збор: Глагол, свршен
3аврши со бањање.
Албански: mbaroj larjen
Примери:
Тие го избањаа мртовецот и го спремија за закоп.

изнабања повеќе

Види и: набања (св.)
(се) изнабањаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се избања многу, доволно.
Примери:
Децата се изнабањаа цел ден во реката.

капе повеќе

капат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мие, отстранува нечистотија од телото, бања.
Албански: laj
Примери:
Мајката го капеше детето.
(се капе) се бања
Албански: laj
Примери:
Децата се капеа секоја недела.

накапе повеќе

накапат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во капење, бањање, се задоволи со капење, бањање.
Албански: lahem
Примери:
Не излегува со часови од вода, не може да се накапе.

окапе повеќе

окапат
Вид збор: Глагол, свршен
искапе, избања
Албански: dush
Примери:
Таа ги окапе децата и ги легна да спијат.
(се окапе) се искапе
Албански: dush
Примери:
Се окапе за да се освежи.

побања повеќе

побањаат
Вид збор: Глагол, свршен
Бања за кратко време.
Примери:
Го побања бебето.

покапе повеќе

Види и: капе (несв.)
покапат
Вид збор: Глагол, свршен
Капе некого кратко време.
Албански: pikoj
Примери:
Таа го покапи детето со топла вода.

пробања повеќе

пробањаат
Вид збор: Глагол, свршен
Искапе некого малку, набрзина, згора-згора.
Албански: laj pak a shumë
Примери:
Мајката го пробања девојчето и го стави да спие.
(се пробања) Се искапе малку, набрзина, згора-згора.
Албански: laj shpejt e shpejt
Примери:
Се пробања, па легна да се сонча.