beetle - онтологија

бумбар повеќе

мн. бумбари
Вид збор: Именка, машки род
Инсект од видот на тврдокрилци, со топчесто, влакнесто тело што брмчи при летањето.
Употреба: Зоологија
Примери:
Одвреме навреме ќе залуташе бумбар или оса или пчела или некој од оние инсекти што упорно и непрестајно брмчат.

бумбаров повеќе

бумбаровиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бумбар.
Примери:
Бумбарово брчење.

тврдокрил повеќе

тврдокрилна
Вид збор: Придавка
Што има тврди крилја.
Латински: Coleoptera
Употреба: Биологија
Примери:
Тврдокрилни инсекти.