but - онтологија

ама повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зборовни групи и реченици кои се содржински спротивставени, карактеристичен за разговорниот јазик и за уметничколитературниот стил.
Турски: ama Албански: por
Примери:
Сѐ земи, ама не оставај ме.
За истакнување и дополнување на претходно реченото.
Албански: por
Примери:
Можеби беше горделива, ама беше со стил.

ами повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени.
Примери:
Тој не јадеше, ами голташе ненаситно.
Не само...ами и; сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Примери:
Таа треба да мисли не само за себе ами и за она девојче што е со неа.

додуша повеќе

Вид збор: Сврзник
но, имено, впрочем
Примери:
Тој додуша со малку притисок врз работниците успеа да ги постигне своите цели.

меѓутоа повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување реченици спротивно поставени.
Албански: por
Примери:
Станот е слободен, меѓутоа никој не го користи.

но повеќе

Вид збор: Сврзник
(најизразит спротивен сврзник) За поврзување зборови и зборовни состави спротивно поставени.
Примери:
Полека, но сигурно.
За поврзување реченици што се нагласено содржински спротивставени, за развивање на содржинска спротивност.
Примери:
Лицата им беа како осланети, но во очите носеа блесок.

пак повеќе

Вид збор: Сврзник
За противпоставување; но, меѓутоа, а, ама.
Примери:
А тој, пак, ако дојде, тогаш е подруга работата.

само повеќе

Вид збор: Сврзник
но, туку, меѓутоа
Примери:
Речи му, само гледај да не го налутиш.
oграничување предупредување, вршење дејност и покрај неповолен услов, со временско значење
Примери:
Оди, само побрзај да не задоцниш.

туку повеќе

Вид збор: Сврзник
по одрекување
Примери:
Не така, туку вака.
При засилување, при извршување на уште некое, дополнително дејство.
Примери:
Не само што го нахрани туку и му даде некоја пара за по пат.
Во обрати што означуваат преминување на друга тема или кон целта на разговорот - модално.
Примери:
Туку, навистина, што стори ти со книгите.