cellar - онтологија

визба повеќе

мн. визби
Вид збор: Именка, женски род
Просторија во куќа што се наоѓа под нивото на приземјето.
Турски: izbe
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Винарска визба - претпријатие што произведува и чува вино.

земник повеќе

мн. земници
Вид збор: Именка, машки род
Просторија во долниот дел на куќите за чување разни предмети.
Примери:
По Велигден разбоите се внесуваат во земникот.

изба повеќе

Види и: визба (ж.)
мн. изби
Вид збор: Именка, женски род
визба

келар повеќе

Види и: килер (м.)
мн. келари
Вид збор: Именка, машки род
килер
Употреба: Архаизам
Примери:
Таа слезе во келарот и од таму се врати, носејќи мала дрвена кутија.

керал повеќе

Види и: килер (м.)
мн. керали
Вид збор: Именка, машки род
килер

килер повеќе

мн. килери
Вид збор: Именка, машки род
Помала просторија во куќа, за чување прехранбени производи, облека и други предмети.
Германски: Keller
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Во килерот ја чуваше сета зимница.

клед повеќе

мн. кледови
Вид збор: Именка, машки род
килер, подрум
Примери:
Го отвора ќепеникот и слегува долу во кледот полн со бочви и качиња.

потон повеќе

мн. потони
Вид збор: Именка, машки род
визба, подрум
Албански: bodrum, qilar
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Живееше во куќа со потон, на кат и со чардак.

темник повеќе

мн. темници
Вид збор: Именка, машки род
поткоп, потон
Примери:
Запали свеќа да не ти дојдат во темникот.

ќерал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
соба за остава

ќилер повеќе

Види и: килер (м.)
мн. ќилери
Вид збор: Именка, машки род
килер
Примери:
немаме што да изгубиме