мн. јасновидци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има способност да гледа во иднината, што е видовит.
Примери:
Старецот е мудрец, јасновидец, тој знае сѐ
мн. претскажувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што претскажува или што има способности за претскажување.
Примери:
Тоа се тешки прашања и за претскажувачите и за видовитите.
мн. пророци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ја претскажува иднината.
Албански:
profet, paralajmërues
Примери:
Пророците најавија жештини и големи шумски пожари.