column - онтологија

графа повеќе

мн. графи
Вид збор: Именка, женски род
Простор меѓу две вертикални линии во документи, формулари, графикони, крстозбори и сл.

колона повеќе

мн. колони
Вид збор: Именка, женски род
Столб што потпира дел од конструкцијата на зграда или е самостојно издигнат како споменик, украс.
Албански: shtyllë
Употреба: Архитектура и градба
Редица од луѓе, животни, предмети, автомобили што се движат еден по друг во долга истегната линија.
Албански: kolonë
Примери:
Колоната дечиња застана.
Поредок на војската во движење еден по друг на определено растојание.
Албански: kolonë
Употреба: Воен термин
Вертикален редослед на редови (во весник), на броеви, знаци, податоци итн.
Албански: kolonë, rubrik
Примери:
Пополнува податоци во одделни колони.

колумна повеќе

мн. колумни
Вид збор: Именка, женски род
Од ист новинар периодично, во весник или списание објавена статија во која се изразува лично мислење.
Примери:
Внимателните читатели на неговите колумни забележаа голема промена.

литија повеќе

мн. литии
Вид збор: Именка, женски род
Долг ред, колона.
Примери:
Се редеа во литија крај софра.

рубрика повеќе

мн. рубрики
Вид збор: Именка, женски род
Постојан оддел во весник, списание и сл.
Албански: rubrikë
Примери:
внатрешна рубрика

шпалта повеќе

мн. шпалти
Вид збор: Именка, женски род
Набран текст во вид на колона, уште неразбиен, непреломен на страници; отпечаток на таков текст за коректура.
Германски: Spalte