complex - онтологија

комплекс повеќе

мн. комплекси
Вид збор: Именка, машки род
Збир од појави, предмети, својства, што прават една целина.
Албански: kompleks, tërësi
Примери:
Звуков комплекс.
Згради, објекти со архитектонско и функционално единство.
Албански: kompleks, bllok
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Манастирски комплекс.
Психолошки проблем, чувство на некаков недостаток што влијае негативно во однесувањето на човекот.
Албански: kompleks
Употреба: Медицина
Примери:
Комплекс на пониска вредност.

комплексен повеќе

комплексни
Вид збор: Придавка
Што е составен од повеќе делови меѓусебно поврзани.
Примери:
комплексен процес на производство
сложен, замрсен
Примери:
комплексна ситуација

сложен повеќе

сложени
Вид збор: Придавка
Кој се состои од неколку дела или елементи.
Примери:
сложени реченици
Кој претставува збир на различни делови, односи, врски; кој обединува во себе различни, често противречни страни.
Примери:
сложена наука