испреплетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испреплете) Се поврзе со нешто.
Примери:
Нивните животи од тој ден се испреплетоа.
конектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
поврзе, поврзува
Примери:
Успешно се конектиравме на интернет.
поврзе
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе, спои, соедини едно со друго.
Примери:
Ги поврза жиците и светилките светнаа.
сврзат
Вид збор: Глагол, свршен
За пат и други средства за врска - соедини две месности.
Примери:
Новиот пат ќе го сврзе селото со градот.
Даде врска по телефон, радио и сл.
Примери:
Телефонистката никако не успеваше да ме сврзе со директорот.
Установи врски со некого или нешто.
Примери:
Најпосле успеаја да ме сврзат со партиската организација во градот.
(се сврзе) Установи врска со помошта на некое средство за врска.
Примери:
Се сврзав со поштата.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) врзува, (се) поврзува
Примери:
Општество во кое две третини од населението едвај сврзува крај со крај.
соединат
Вид збор: Глагол, свршен
Установи врска со нешто.
Примери:
Ги соединија езерата со канал.
(се соедини) Добие врска.
Примери:
На тој начин, со каналот, се соединија реките.
спојат
Вид збор: Глагол, свршен
Установи врска меѓу нешто.
Примери:
Го спои селото со градот.
(се спои) Добие врска со нешто.
Примери:
Со мостот се споија селата од двете страни на реката.