надоврзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се надоврзе) Продолжи расправа, се искаже на определена тема; додаде кон своето или кон искажувањето на други.
Примери:
И јас сакам да се надоврзам со неколку збора кон претходните искажувања.
потечат
Вид збор: Глагол, свршен
Продолжи непрекинато да се одвива.
Примери:
Откако ќе заминам, пак ќе си потече сѐ по старо.
продолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Нешто што било во тек направи да трае и понатаму (до завршување).
Примери:
Тој не беше сигурен за правецот, но продолжи да оди.
тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
продолжува
Примери:
Добро почнал, нека тера понатаму.