correct - онтологија

верен повеќе

верни
Вид збор: Придавка
Што потполно одговара на тоа што го претставува.
Примери:
Нивните документи не даваат верна слика.

исправен повеќе

исправни
Вид збор: Придавка
Што е поправен, коригиран.
Примери:
исправен текст
Што е правилен, што е заснован врз правила (законски, логички).
Примери:
исправно решение
За човек - што има добри особини, добар карактер.

исправи повеќе

исправат
Вид збор: Глагол, свршен
Поправи нешто што е погрешно.
Албански: korrigjoj
Примери:
Ги исправив грешките.
(се исправи) Поправи своја грешка, се коригира.
Албански: korrigjoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Студентот погрешно го започна одговорот на прашањето, ама навреме сам се исправи.

коректен повеќе

коректниот
Вид збор: Придавка
правилен, точен, беспрекорен
Примери:
коректен литературен јазик

коригира повеќе

коригираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поправи, поправа грешка воопшто.
Албански: korigjoj
Примери:
Ги коригира сопствените заблуди.
Поправи, поправа грешки во текст.
Албански: korigjoj
Примери:
Јазично ги коригира сите дописи.
(се коригира) Се поправи, се поправа во однеcувањето, во работата и сл.
Албански: korigjohem

писмено повеќе

Вид збор: Прилог
Граматички и стилски правилно.
Примери:
Романот му е, пред сѐ, писмено напишан.

подисправи повеќе

Види и: исправи (св.)
подисправат
Вид збор: Глагол, свршен
Поправи, коригира нешто, малку, колку што е можно.
Албански: korigjoj, rregulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Едвај ја подисправивме работата, толку што беше замрсена.

поправи повеќе

поправат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани недостатоци во нешто, укаже на грешка.
Албански: korrigjoj
Примери:
Учителот му го поправи ракописот на детето.

прав повеќе

прави
Вид збор: Придавка
Што е правилен, точен.
Албански: korrekt
Примери:
Прав одговор.

правилен повеќе

правилни
Вид збор: Придавка
Што се заснова на правило, што се однесува, се подведува под правило.
Албански: i drejtë, i saktë
Примери:
правилен изговор

точен повеќе

точни
Вид збор: Придавка
Што функционира во потполн ред.
Примери:
точен часовник